• Latest

Царовска: Да се искоренат екстремните форми на сиромаштија!

October 17, 2017
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Да се искоренат екстремните форми на сиромаштија!

October 17, 2017 13:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Наша цел на среден рок до 2020 година е да ја намалиме стапката на сиромаштија под 16 отсто. За исполнување на целта, клучен е економскиот развој, што ќе значи повеќе средства и услуги за сите. Секој од нас, а особено ние коишто носиме одлуки, мора да останеме посветени на оваа кауза, што повеќе луѓе да исчекорат над линијата на сиромаштија и никогаш повторно да не се најдат под неа. Да обезбедиме општество во кое што, никој нема да биде изоставен“, порача министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во видео изјавата, што по повод Светскиот ден на сиромаштијата е лиферувана до медумите.

Според Царовска, во нашата држава, која според Уставот е социјална, мора да се искоренат екстремните форми на сиромаштија. Никој не смее да остане без храна, облека и покрив над главата. Што значи системот, што во реалноста често затајува, треба да обезбеди грижа за секого.

„Нашата главна обврска е да им излеземе пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодените од сиромаштијата, и тоа не само преку парична помош, туку и со нивно вклучување на пазарот на труд. Само така вистински се прекинува кругот на сиромаштија од генерација во генерација. Во нашата земја не се сиромашни за жал, само оние коишто немаат работа, туку и голем број вработени. Токму затоа се важни мерките за зголемување на минималните приходи, со коишто на луѓето директно им се помага да се искачат над линијата на сиромаштија, односно минималното ниво на приход, којшто е потребен за да се обезбедат животните потреби“, истакнува министерката Царовска.

Таа става акцент и на обезбедувањето сигурни перспективи и можности за работа на младите, како услов за да успее борбата  против нивното иселување. Во своето обраќање таа посочи и на важноста од подобрување на економската позиција на жените во нашето општество. Со обезбедување на разни видови услуги и функционални центри за поддршка, според Царовска, ќе се подобри  животен стандард за граѓаните.

М. Т.

 

Tags: Мила ЦаровскаМТСПранливи категорииСветски ден на сиромаштијатасиромаштијасоцијална држава
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ