• Latest

Затруени рудари во рудникот „Злетово“

July 20, 2017
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Затруени рудари во рудникот „Злетово“

July 20, 2017 15:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓански новинар од Пробиштип ни испрати информација дека десетина рудари од рудникот „Злетово“, во вторникот на 18 јули се затруле со храна!

Иако нема официјална потврда, сомневањата се дека рударите за затруени со храна од работничката менза.

Центарот за комуникации на ОО на СДСМ во Пробиштип, испрати соопштение според кое, затруените рудари биле од првата смена. Откако појадувале во мензата, храна од работничката менза, по неколку часови, рударите се пожалиле на болки и имале вртоглавица, дијареја и нагон за блуење. По интервенција на Итната медицинска помош, се претпоставува дека причина за труењето било неисправно млеко, но за тоа се чека официјална потврда.

Рударите во Пробиштип ги посетила Санитарната инспекција, како и претставници од Институтот за јавно здравје од Штип, кои земале мостри и официјалните резултати за прични за ттруењето се очекуваат за неколку дена.

Локалната организација на СДСМ апелираше за итно и целосно расветлување на случајот, и постави отворени прашања до македонската јавност, но пред сè, до локалната власт: Која фирма обезбедува храна за вработените во рудникот во Пробиштип и кој е нејзиниот вистински сопственик? Дали е поважен профитот од човечките животи?

Како опозиција на локално ниво, СДСM порачува дека ништо не е поважно од здравјето и од благосостојбата на рударите!

При последната посета на екипа на ЦИВИЛ – Центар за слобода, наши соговорници – поранешни рудари, се пожалија на условите за работа во рудникот, на недоволната вентилација со што поради недостаток на воздух не може да функционира дел од машините, на недостатокот на ХТЗ опрема, на неадекватната кадровска политика, партизација и непотизам, на неплаќање на прекувремените часови, односно, надоместување само со слободни денови…

ЦИВИЛ Медиа побара информација за здравствената состојба на рударите од менаџментот на рудникот „Злетово“ во Пробиштип, но нашата соговорничка ни рече дека во каннцелариите нема лице кое има ингеренции да дава такви информации и вети дека дополнително ќе ни се јават.

Со оглед на гласиштата во Пробиштип кои фирмата која обезбедува храна за рударите ја доведуваат во врска со градоначалникот Тони Тоневски, се обидовме информација за актуелниот инцидент да добиеме и во Општината. Градоначалникот беше отсутен и немало да се врати до крајот на работниот ден, но и оттаму ни беа ветени дополнителни информации следните денови.

 

Tags: ЗлетовоИнститут за јавно здравје - ШтипПробиштипработничка мензарударирудникСанитарна инспекцијаСДСМтруење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ