• Latest

Заев и Ципрас ги отворија вратите на пријателство меѓу двете држави

January 25, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Ципрас ги отворија вратите на пријателство меѓу двете држави

January 25, 2018 11:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера се сретна со премиерот на Република Грција Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија, каде што двајцата шефови на влади учествуваат на годинешниот Светски економски форум. 

Македонската влада, на својата веб страница објави акценти од заедничката изјава на двајцата премиери:

– Ние сме силно посветени на имплементацијата на мерките за градење доверба со нашиот сосед, со цел да придонесеме за надминување на отвореното прашање во интерес на граѓаните на двете земји – рече Зоран Заев.

– Свесни сме дека целиот регион и двете земји се на вистинскиот пат да остварат добрососедски односи што ќе ги поддржат нашите евроатлантски перспективи и ќе придонесат кон стабилноста и економскиот просперитет на балканскиот регион. Мнозинството од граѓаните во двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи кои придонесуваат кон зајакнување на меѓусебната соработка. Сакаме да бидеме еднакви партнери во ЕУ и лојални сојузници во НАТО. Сакаме да застанеме рамо до рамо за да си помагаме и да се поддржуваме едни со други во тешки и предизвикувачки времиња – истакна македонскиот премиер.

Премиерот на Република Грција Алексис Ципрас, изрази благодарност за овозможувањето на денешната средба и истакна дека дека двајцата лидери имаат можност да изнајдат решение за проблемот што ги подели двата народа и дека освен решавањето на спорот околу името, двете земји имаат заеднички интерес да ги воспостават билатералните односи на цврсти темели.

Премиерот Ципрас истакна дека Република Грција има одговорност да им помогне да земјите од Западен Балкан да ги зајакнат своите капацитети во пресрет на нивната интеграција во Европската Унија, и дека оваа средба е еден од важните чекори во таа насока.

Грчкиот премиер соопшти, како знак на добра волја и како резултат на иницијативите што доаѓаат од активностите на владата на Зоран Заев, дека Република Грција ќе ги откочи процесите кои се однесуваат на можностите за напредок на нашата земја во евроинтеграциите како што е ратификацијата на втората фаза на Спогодбата за асоцијација и стаблизација во Парламентот на Република Грција, отворањето на можноста за нашето членство во Јадранско-Јонската иницијатива за соработка, како и отворањето на граничниот премин во Преспа како исклучително важни за овој регион.

Премиерот Зоран Заев укажа на фактот дека во минатото, кога двете земји имаа сериозни предизвици, покажаа дека можат да работат заедно за меѓусебен интерес.

– Ние како премиери, имаме политичка визија, волја и одговорност да работиме за надминување на долгогодишниот билатерален спор. Тој веќе трае 25 години. Редно време е да се изнајде решение затоа што тоа е клучно за нашите ЕУ и НАТО перспективи. Конечното решение треба да биде прифатливо за двете страни. Мораме да водиме грижа за нашите интереси и за нивните интереси. Решението мора да биде во насока на заштита на националниот дигнитет и идентитет на нашите народи – нагласи премиерот Заев, кој воедно соопшти и дека:

– Со цел конкретно да покажеме дека сме посветени во процесот на изнаоѓање решение, најавувам дека нашата Влада ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство “.

Премиерот Заев во продолжение на својата изјава за медиумите изјави:

– Нашите активности ја покажуваат нашата добра волја. Ова сведочи за фактот дека немаме никакви територијални аспирации кон нашиот сосед.

Тој додаде и дека „во знак на добра волја, Република Грција ќе ни дозволи да ја зголемиме нашата соработка со Европската Унија и со други меѓународни организации“.

Двајцата премиери заеднички истакнаа дека двете страни остануваат посветени на преговарачкиот процес, за чија имплементација е назначен медијаторот Метју Нимиц од страна на Обединетите Нации, и дека во наредната фаза нивото на преговарачи ќе биде кренато на ниво на министрите за надворешни работи, што ќе овозможи повеќе динамика и суштина во процесот на преговори.

извор: www.vlada.gov.mk

 

Tags: ГрцијаДавосЗаевМакедонијапријателствоЦипрас
Share59TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ