• Latest

Заев: Нема потреба од предвремени избори, ќе се зголемува парламентарното мнозинство

April 2, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Нема потреба од предвремени избори, ќе се зголемува парламентарното мнозинство

April 2, 2018 14:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на опозицијата повторно да се вклучи во работата на Парламентот.

Според него, така ќе има функционална демократија и тоа е минимум нешто што граѓаните на Република Македонија го очекуваат. Оцени дека дијалогот со опозицијата се движи во добар превец.

– Работните групи работат и голем дел од законските решенија се усогласени, а некои веќе се и комплетно усогласени. Тоа значи дека очекувањата се дека до 17 април до Извештајот на ЕК да ги донесеме законските решенија во Парламетнот. Претседателот на Собранието ми рече дека планира на 10 април нова седница на која ќе бидат на дневен ред овие решенија, кои се дел од пакетот 3-6-9 и се дел од севкупните реформи во Македонија и се веќе усогласени со опозицијата, рече Заев.

Запрашан како за најавите за интерпелација на Владата и барањето на опозицијата оваа точка да биде ставена пред седницата за реформските закони, Заев кажа дека верува оти ќе се најде време и за потребите на опозицијата и за реформите.

– Секако нивно право е да се поднесе интерпелација на Владата, но истовремено мораме да водиме грижа и за самите закони да се донесат до предвидениот рок, затоа што не би сакале на ниту една земја членка на ЕУ да и оставиме причина за изговор за што било кога веќе ги имаме усогласено законите. Јасно е дека постои скоро комплетен консензус во Парламентот да се донесат ваквите решенија, рече премиерот.

Во врска со информациите за разговори за проширување на парламентарното мнозинство, Заев рече дека разговара со пратеници, дел се од партиите на Албанците, а дел од помалкубројните други етнички заедници во Република Македонија.

Изрази надеж дека владејачкото мнозинство ќе успее да го зголеми бројот на пратеници што ќе значи стабилност на парламентарното мнозинство и на владините политики во време, како што кажа Заев, кога се очекува решение за спорот за името, датум за почеток на преговори со ЕУ, поканата од НАТО…

Заев кажа дека е оптимист дека парламентарното мнозинство ќе се прошири, посочувајќи дека разговара со пратениците на поделената БЕСА, која според премиерот има блиски ставови со оние на власта, потоа со ДПА која со своите еден или двајца пратеници поддржуваат одредени политики на Владата. Турската демократска партија, исто така, а гледа, како што кажа, амбиент и во некои други пратеници во Парламентот што би поддржале вакви политики.

– Моја перцепција и перцепција на Владата е дека не треба секогаш да се брза на парламентарни избори. Вака споделената информација за бизнис секторот значи стабилно да планира, граѓаните исто така да ги планираат своите активности, сите чинители во Република Македонија и го кажувам тоа што зависи од мене. Секако, ако некој друг провоцира, направи пресија или има причини за таа работа, ја оставме отворена можноста, рече Заев.

Претходно, Заев зборуваше на дебата во рамките на Првата годишна конференција на Министерството за финансии. Пред претставниците на финансиските институции и професори и бизнисмени повтори дека Владата не планира предвремени парламентарни избори што би значело сатабилност за бизнисите и сите економски текови во државата. Тие ставови, рече тој, да се споделуваат за да може да се прават проекции.

[divide]

извор: МИА

Tags: Зоран ЗаевМакедонијапарламентарно мнозинствопредвремени парламентарни избориПремиер
Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ