„Стоиме заедно на страната на мирот во светот!“ Оваа е пораката што ја испратија во заедичката изјава за медиумите, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и премиерот на Македонија, Зоран Заев, којшто ја предводи владината делегација, во неколкудневна посета на Израел.
„Гледаме заедно кон подобра иднина. Ги разгледуваме начините и полињата каде што можеме да соработуваме во интерес на луѓето и на нашите земји. Научивме од минатото како да ја обезбедиме иднината. Израел е технолошки развиена земја и ќе и помогне на Република Македонија“, порачал израелскиот премиер Нетанјаху.
Премиерот на Македонија, Заев соопшти дека за Република Македонија значат искуствата на Израел во иновациите и старт ап бизнисите, како и дека новата Влада ќе ги употреби израелските искуства за калитетен живот на граѓаните на Македонија.
„Со Израел немаме отворени прашања, пријателски земји сме. Нашата соработка со Израел се надеваме дека ќе биде на две нивоа, безбедноста и светскиот мир, она за што е Израел добар пример во светот. Се надеваме дека низ организациите како што е НАТО, целиме да бидеме членка на НАТО, дека ќе продолжиме да соработуваме, бидејки заканите од радикализмот и екстремизмот се присутни овде во Израел и во овој регион, но исто така и за Македонија и за регионот на Западен Балкан. Соработуваме на полето на безбедноста и одбраната досега и знам дека ќе ја зголемиме соработката, бидејки е интерес на сите граѓани и нации’, соопшти Заев.