• Latest

Заев: Согласност за три точки од седум, охрабрување дека е можно решение за името

February 15, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Согласност за три точки од седум, охрабрување дека е можно решение за името

February 15, 2018 07:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот премиер Зоран Заев вели дека е оптимист за решавање на спорот со Грција, но додава дека важни во преговорите се идентитетот и достоинството. Оптимизмот го темели на тоа што, како што посочува, од седумте појдовни точки за три веќе е постигната согласност.

– Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае во суштина работите кои можат да поминат, кои не можат да поминат кај едната и кај другата страна. Важно е да се гради довербата помеѓу двете страни во функција на решавање на проблемот. Мене ми е драго што се разглобени во суштина сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отстранат и другите позиции, изјави вчера Заев.

Потенцира дека, веројатно тие биле најлесните прашања, но како што рече, тоа треба да биде сигнал за нас и охрабрување за грчката страна дека е можно да се изнајде решение.

– Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, Уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение, рече Заев.

Зоран Заев изјава

Потенцира дека Република Македонија сака решение, а Владата, како што наведе, прави буквално се, се обидува да гради внатрешен консензус во државата, во функција на изнаоѓање конечно решение.

–  Ако бидеме навистина оптимисти во овој процес, ако сакаме навистина искрено да се изнајде решение, тоа е можно, процесот има временски период пред себе. Се надевам дека секој следен чекор ќе не приближува во делот на сите оние ставки кои се отворени, а буквално треба да бидат мост на сплотување и конечно изнаоѓање решение на проблемот со името кој Република Грција го има со нашето уставно име, рече Заев.

Потврди дека географската одредница е прифатлива опција за македонската страна и посочи дека се споменуват неколку имиња.

– Тоа значи за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отстрануваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози, информираше премиерот.

Очекува двете страни да бидат прагматични, а евентуалното решение да биде потврдено на референдум.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: ГрцијаЗаевМакедонијаПреговорирешенија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ