• Latest

Заев – Танги: Поддршка од Франција за евроатлантските интеграции

March 23, 2018

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев – Танги: Поддршка од Франција за евроатлантските интеграции

March 23, 2018 12:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претпладнево се сретна со Лилијана Танги, пратеничка во Француското Собрание, заменик претседателка на Парламентарната група за пријателство Франција – Македонија и заменик претседателка на Комитетот за ЕУ прашања, придружувана од Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија.

Француската пратеничка Танги, пренесе забелешка дека се направени големи напори и напредок од оваа Влада на планот на реформите и европските интеграции. Таа посочи на потребата од гаранции дека ќе се спроведат сите реформи, но дека ситуацијата на тоа како Франција гледа кон почеток на преговори на Македонија за членство е благонаклонета и треба да се продолжи да се работи во избраниот правец.

На средбата е изразена заедничка согласност дека од клучно значење како за евро интеграциите, така и за сите граѓани во државата е воспоставувањето ефективна правна држава, почитување на институциите како и на уставните одредби. Исто така поздравени се добрососедските односи и заеднички е изразена надеж дека низ конструктивни преговори со Република Грција ќе се дојде до решение на долгогодишниот спор.

Пратеничката Танги посочи дека Република Франција е поддржувач на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, како и дека се создадени услови за зајакнување на односите меѓу двете држави и интензивирање на економската соработка.

-Реформите ги спроведуваме низ координација со делегацијата на ЕУ. Определени сме кон добрососедски политики, конструктивност и соработка со сите во државата, вклучувајќи ја во важните граѓански и државни процеси и опозицијата. Од тие причини очекуваме 2018 година да биде значајна за Република Македонија, да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ и да се активира автоматската покана за НАТО. Изразувам посебна благодарност до Република Франција за значајната поддршка што и ја дава на Република Македонија во сите важни демократски процеси, вклучувајќи ја и реализацијата на стратешките евро-атлантски цели на државата, рече премиерот Заев.

На средбата беше потенцирана важноста од поддршка на реформскиот План 3-6-9 од страна на сите пратеници во Парламентот и сите политички субјекти. Исто така беше истакната важноста од изградбата на Република Македонија во едно општество, со еднакви права и обврски на сите граѓани.

Француската пратеничка Лилијана Танги ќе ги пренесе впечатоците за актуелната политичка ситуација во Република Македонија на своите колеги пратеници во Француското Собрание, како и на францускиот премиер Емануел Макрон, со оглед на заинтересираноста на Република Франција да помогне во евро-интеграциските процеси како на Македонија, така и на целиот регион.

Tags: ЗаевМакедонијаподдршкасредбаТангиФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ