• Latest

Зелен поимник: Што е глобална одговорност?

October 16, 2021
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Што е глобална одговорност?

 „Одговорни сме за она што го правиме, но и за она што не го правиме “ - Волтер

October 16, 2021 19:42
in ЗЕЛЕНИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Како слободно  и свесно суштество, човекот постојано прави избор во врска со начинот на своето однесување и постапување. Изборот е принцип на слободата. Колку е поголем степенот на човековата слобода, толку е поголема неговата одговорност за последиците од неговото однесување во заедницата.

Одговорноста може да се сфати како давање отчет на поединци или групи на луѓе, за нивните постапки пред други лица, групи на луѓе или целата заедница. Дејствијата што не се во согласност со општествените правила на однесување, подлежат на последици поради таквите постапки.

Нужноста од заедничкото живеење наложува почитување на определени вредности. Според тоа, поимот одговорност може да се протолкува како свесен однос на човекот кон општествените вредности  што ги поседува секое општество и без кои тоа, како организирана човечка заедница не може да постои.

Поимот одговорност е во корелација со поимот должност. Кога некој презема должност, станува одговорен за тоа на кој начин ја извршува, но и подготвен да ги прифати последиците (позитивни – награден, негативни- санкциониран) од извршувањето на таа должност.

Поимот одговорност е динамичен феномен што го менува своето значење и содржина, а неговата цел не е секогаш иста. Во современите општествени системи, одговорноста не е само прашање на правото и моралот, туку и на политиката и општеството, демократијата и доброто владеење.

Во време на предизвици поврзани со општествената, економската  и еколошката стабилност, денешниот свет станува се помал, а меѓузависноста на луѓето, упатеноста на едни кон други, потребата од глобална одговорност за одржлив долгорочен развој, стануваат поочигледни од кога и да е.

Потребно е да се биде свесен  за меѓусебната поврзаност и зависност, но и да се биде одговорен на индивидуално, организациско и системско ниво (одговорен за себе, одговорен кон другите, одговорен кон сите). Новата парадигма за придвижување на свеста кон „јас“, „ние“ и „сите ние“ претставува повик кон колективна инклузивност за глобална одговорност.

Предизвикот на човештвото во XXI век е создавање на флексибилни општества, верни на определбата за почитување на вредностите поврзани со човековата слобода, достоинството, еднаквите можности, почитувањето на човековите права, филантропијата, антикорупцијата, квалитетот на производите, општества кои ќе придонесат за постигнувањето на целите за одржлив развој, иновативни економии и здрава животна средина, со можности за просперитет и благосостојба за сите.

Да се биде глобално одговорен, значи да се цени и почитува светoт околу себе, светот од кој сме дел сите и за чие подобрување треба активно да се вклучиме и учествуваме (сите граѓани, општествени заедници, институции на системот, бизнис секторот), секогаш имајќи ги на ум солидарноста и општото добро.

Учејќи  и образувајќи се за различните места, култури, општества, но и за заедничкиот соживот и соработка  кои водат до општ прогрес, учиме за нашата граѓанска одговорност и за тоа што значи да се биде глобално компетентен и одговорен граѓанин.

Одговорноста треба да биде лична определба на секој граѓанин. Таа е скапоцена особина и квалитет кои ги поседува човекот, но и најважен критериум за зрелоста на едно општество.

објавено на: greencivil.mk

— 

Линкови:

https://grli.org/resources/global-responsibility-2003/

https://www.un.org/en/chronicle/article/individual-global-responsibility

https://dop.hr/zajednicka-odgovornost-i-globalna-solidarnost-za-odrzivu-buducnost/

https://www.share-international.net/slo/publikacije/arhiv/humanitarnost/globalna-odgovornost.htm

http://milivojevic.info/odgovornost/

https://dop.hr/drustvena-odgovornost-nuzna-za-opstanak/

https://nsp-ie.org/responsabilidad-842

https://hrcak.srce.hr/45989

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ