Претставничкиот дом на Холандија, Долниот дом на парламентот, го призна Холодомор како геноцид врз украинскиот народ, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пренесува МИА.
Холодомор е голем глад што ја погоди Украина помеѓу 1932-33 година за време на владеењето на Јосиф Сталин над Советскиот Сојуз, при што, според проценките, починале околу 3,5 до 5 милиони Украинци.
Украинската Влада ја повика меѓународната заедница да го признае како геноцид, пренесува Укринформ.