• Latest
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: веб страница на Претседателот на Украина)

Зеленски: Русија се обиде да изврши офазива под маската на масовните напади врз украинските градови

April 25, 2025
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Русија се обиде да изврши офазива под маската на масовните напади врз украинските градови

April 25, 2025 12:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: веб страница на Претседателот на Украина)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото извор: веб страница на Претседателот на Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатиот ден, Русија изврши речиси 150 напади врз украински позиции и повеќе од 4.500 гранатирања, вклучително и со тешко вооружување, објави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Фејсбук, пренесува Укринформ

„Речиси 150 руски напади врз нашите позиции и над 4.500 случаи на гранатирање, вклучително и со тешко вооружување. Најтешката ситуација беше во правец на Покровск. Благодарен сум на сите наши војници – секој војник, водник и офицер – за нивната отпорност и за одбраната на нашите позиции“, се вели во пораката.

Всушност, Русите се обидоа да продолжат со офанзива под маската на нивниот масовен напад. Додека најголемиот дел од украинските сили беа фокусирани на одбрана од ракети и беспилотни летала, Русите значително ги интензивираа своите копнени напади. Тие беа пречекани со достоен одговор.

„Сакам особено да ги пофалам војниците од нашата 72-ра одвоена механизирана бригада и 59-та одвоена јуришна бригада на силите за беспилотни системи кои му нанесоа значителни загуби на окупаторот. Исто така, го пофалувам ефикасното работење на 100-та одвоена механизирана бригада и 12-та оперативна бригада на Националната гарда на Украина за демонстрирањето на отпорноста и резултатите што ни се потребни“, додаде претседателот.

Зеленски, исто така, објави дека експертите и специјалистите за судска медицина ги испитуваат местата на ударите на ракетите и беспилотните летала, ги утврдуваат и проверуваат околностите на соодветните напади и вршат анализи на пронајдените фрагменти од ракети и беспилотни летала за да соберат целосни информации за оружјето и критичните компоненти што биле испорачани на Русија или Северна Кореја од трети земји и користени во производството.

Како што објави Укринформ, на 24 април имало 133 борбени судири меѓу украинските сили и руските трупи, од кои 51 се случиле во секторот Покровск.

Д. Мишев

Tags: Володимир Зеленскируска агресија врз Украинаруски ракетен терор врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ