• Latest

Жената во Македонија и во 21 век е жртва на предрасудите и на понижувањата од власта!

March 8, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жената во Македонија и во 21 век е жртва на предрасудите и на понижувањата од власта!

March 8, 2017 16:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

П.М. (61), деновиве го оствари правото на минимална пензија, откако долги години – прогласена за технолошки вишок, живеела прескромен живот, затворена во светот на своите неостварени желби. Со исплата на првата пензија, во висина од 8.845 денари, таа сега може слободно, првпат по долги години, живот „во заробеништво“, да си дозволи ситни нешта, за кои мечтаела.

„Сакам лаптоп за да ги запишувам стиховите, да ги преуредам, да можам да сурфам на интерент, барем на тој начин да појдам во Париз и таму, кај мостот Мирабо, каде што тече Сена да го остварам својот сон, да ја рецитирам таа, мојата најомилена ‘Sous le pond Mirabeau’ („Под мостот Мирабо“)“, вели оваа жена, која цел живот го поминала во еден град во западна Македонија, како стечаен работник, во постојан грч со животот, поради финансиската немоќ и сиромаштијата.

В.Ч. е долгогодишен стоматолог, но иако има ординација во која работи со своето семејство, и иако, како што вели, сите се вработени, секогаш живеела просечен живот.

„Ако редовно платените сметки, задоволените потреби за храна и облека, значат стандард, тогаш сме го имале и јас и сопругот. Но, што станува со другите потреби на животот, зарем имаме резервен? Да можеш од време-навреме, да си дозволиш уживање со патувања во странство, да не ја проверуваш картичката кога имаш други екстра-издатоци во месецот“, вели оваа соговорничка на ЦИВИЛ Медиа.

Ј.Х. е медицинска сестра, со речиси 30 години стаж и со плата од 300 евра.

„За какви права зборуваме во оваа катастрофа од живот? Во ова мизерно секојдневие, во кое ни ја зедоа слободата, кога секој ден сме под притисок на извршителите од една и на лудоста на политичарите од друга страна, а во тоа менгеме по глава не удира и времето кое тече незапирливо… А ние, и со возрасни деца, не пораснавме, па секој ден дозволуваме да бидеме мобирани на разни начини“, реагираа и оваа жена.

Наспроти реакциите на нашите соговорнички, според професорката д-р Мирјана Најчевска, стои проблемот на дискриминација на неосвестената жена во општеството.

Мирјана Најчевска

„Најтешка ситуација е тогаш кога оној што е дискриминиран, не сфаќа дека е дискриминиран! Најверојатно дискриминацијата е најтежок проблем на жената во Македонија. Во моментот, кога жената во Македонија ќе сфати дека е дискриминирана по многу основи, тогаш, и овој ден ќе ја добие и својата вистинска смисла“, вели професорката Најчевска, една од најголемите борци за човекови права во македонското општество.

Според оценките на ЦИВИЛ – Центар за слобода, жените во Македонија се перманентно дискриминирани и понижувани од власта.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

„ЦИВИЛ нотира недоволна и неефикасна правна и судска заштита на жените – жртви на насилство. Статистиките покажуваат огромен број случаи на жени жртви на насилство, а дијаметрално спротиставен број случаи на казнување на насилниците. Не помалку загрижувачки се податоците за економската нееднаквост на жените. ЦИВИЛ во повеќе наврати предупредува дека жените се дискриминирани и малтретирани на работното место, особено, работничките во текстилните фабрики кои работат во субстандардни услови за понижувачка плата, а често, и без плата.Фактот дека жената е предмет на стереотипи и предрасуди, па дури, и во учебниците од кои учат децата, е доволен показател за тоа до каде (не) е стигната борбата за рамноправност. Ова е општество во кое домашното насилство се прифаќа како традиција, каде самохраните мајки се сметаат за грешка на општеството, каде сѐ уште се општоприфатени фразите како – ‘возиш како жена’, ‘збориш како жена’, ‘сама си го барала’, не е здраво општество кое се бори за правата на жените“, вели Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Ана Василева од граѓанската „Бори се женски“, ја пренесува пораката од името на Платформата за родова еднаквост, од сите обесправени и жени борци за права и правда во Македонија.

„Да ви кажеме дека не одиме никаде! Дека стоиме цврсто и исправено и веќе не прифаќаме да бидеме замолчувани во интерес на други цели и ставани во втор план. Нашата желба е за еднаквост, правда, достоинствена плата и должно почитување, за мир, солидарност и просперитет! И ќе бидеме гласни и исправени, додека не ги оствариме своите права“.

Честит 8-ми Март!

Моника Талеска

Tags: 8 мартАна Василевадискриминацијаженски праваМирјана НајчевскамобингнасилствоЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ