• Latest

Жестоки притисоци пред референдумот!

August 11, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жестоки притисоци пред референдумот!

August 11, 2017 16:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Локалната власт во Валандово го опструира закажаниот референдум на 20 август, градоначалникот е презафатен за изјава за медиумите, плакатите на граѓанската инцијатива се кинат и уништуваат…

„Во периодот од 20 дена пред референдумот, иницијативата има законско право да го промовира. Но, информативниот материјал којшто викендов беше залепен низ Валандово и околните села – е искинат и уништен! Дури, добивме информации дека во едно село и на камера е ‘фатен’ советник во Општината како го уништува материјалот! Претставници на локалната власт шетаат по куќи и се закануваат да не се излезе на референдумот… Градоначалникот на Валандово Николче Чурлинов нема издадено ниту еден проспект, ниту еден плакат за референдумот, иако му е законска обврска да го промовира референдумот… Во Богданци и Гевгелија, градоначалниците делеа флаери и ги промовираа референдумите, но во Дојран и Валандово ситуацијата е сосема спротивна. Ние секојдневно пријавуваме во МВР, но заега нема разврска…“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Јован Џалев еден од поддржувачите на идејата за референдумско изјаснување на граѓаните за изградба и функционирање на рудници на територијата на општина Валандово.

ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие изјава од градоначалникот Чурлинов, но тој во телефонски разговор ни рече дека е презафатен и дека изјавата ќе можел да ја даде дури во понеделник. Не упати на изјава кај портпаролот на Општината, кој не се јавуваше на својот мобилен. Иако валандовчаните собрани околу ницијативата „Спас за Валандово“ („SOS Valandovo“) бараат да се сочува животната средина и земјоделскиот карактер на општината и тврдат дека се работи за историска борба, локалните власти во Валандово, по пример на оние од Дојран, немаат слух за барањата на граѓан(к)ите.

Иницијаторите пак, почнуваат со караван на секојдневни средби и трибини низ целата општина.

Валандово се избори за референдум на 20 август откако со осум гласови „за“, советниците на општината по вторпат донесоа одлука за референдумско изјаснување.

Маја Ивановска

 

Tags: „Спас за Валандово“Валандовоживотна срединалокална властопструкцииреферендумруднициЧурлиновЏалев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ