• Latest

ЦИВИЛ: Говорот на омразата и насилството мора да се искоренат

February 2, 2018
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ: Говорот на омразата и насилството мора да се искоренат

February 2, 2018 15:03
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Етничките тензии во земјава се во пораст. Деновиве, во ЦИВИЛ – Центар за слобода беше пријавен случај со етнички и верски мотивиран говор на омраза и физичко насилство врз една граѓанка од македонско етничко потекло која живее во средина во која доминираат етнички Албанци. Како што беше објавено и во колумната „Курвиче, ќе ве истребиме сите, а тебе ќе те распнеме на крст!“, животот на нашата сограѓанка е исполнет со страв и неизвесност пред насилничкото однесување на неколкумина нејзини соседи. Според сведочењето, таа често е малтретирана, а и физички е нападната три пати. Нејзината единствена „вина“ е што е Македонка!

Маалските насилници ја нарекуваат со погрдни имиња како „курва, ороспија, каурка…“. Кога ќе се појави на улица, често ѝ довикуваат: „Сите ќе ве истребиме! Оди си од тука!“, „Ќе те распнеме, каурко! Како оној вашиот, ќе те распнеме и ќе те сечеме на парчиња!“.

Откако е натепана последниот пат, не спие во својот дом, во кој израснала и каде што само до пред некоја година немала никакви проблеми. Нејзините проблеми не завршуваат таму. Таа е разочарана и од полицијата од која побарала заштита по последниот физички напад ден по Божик. Според нејзините зборови, во полициската станица ја третирале како криминалка, како таа да е насилникот. Вели дека ѝ го смениле и исказот. Сега се плаши и од нив, полицајците.

Веднаш по пријавувањето на овој случај, ЦИВИЛ се обрати до МВР и очекува овој случај да се реши час поскоро. Воедно, ЦИВИЛ ја известува јавноста дека, особено по објавувањето на сторијата во неколку медиуми, порасна бројот на пријави за етнички мотивиран говор на омраза и насилство од целата земја. Мета на противзаконско дејствување, говор на омраза и насилство се и Албанци и Роми, како и претставници на други етнички или верски заедници.

Во ЦИВИЛ се убедени дека ова е последица на деструктивното дејствување на одредени политички структури, како и на наталожените нерешени проблеми во сферата на меѓуетничките и меѓуверските односи во земјава. „Може да се очекува продлабочување на јазот меѓу етничките и верските заедници, поради долгогодишното занемарување на нерешените проблеми“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

„Не смее да се дозволи вештачки наметнати и делумни решенија да ги регулираат односите меѓу граѓанките и граѓаните од различните заедници. Ако Шарената револуција и предвремените парламентарни избори во декември 2016 година покажаа дека Македонија може да биде земја за пример во регионот и многу пошироко, сега гледаме поинаква ситуација. Од една страна, тоа е последица од деструктивното дејствување на одредени политички, но и криминално структури во земјата на кои им одговара раст на тензиите и насилството, но од друга страна, забележлива е и пасивноста, корумпираноста и некомпетентноста на институциите во кои реформите сѐ уште не се започнати или се спроведуваат со далеку побавно темпо од очекуваното.“ – истакна Дерала, автор на колумната која привлече големо внимание во јавноста.

ЦИВИЛ не ги обелоденува деталите од случајот, како ни податоци од комуникацијата со институциите и другите активности со цел да ја заштити безбедноста на изворот, но најавува дека во текот на наредните недели ќе започне со уште поинтензивно обелоденување на случаите во кои поединци или групи се мета на говор на омраза и насилство мотивирано по различни основи – етничка, верска, родова или сексуално определување. Воедно, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се обратат до ЦИВИЛ секогаш кога ќе се соочат со овие проблеми.

„Тоа мора да престане веднаш! Полицијата, градоначалниците, сите ресори во Владата се повикани да го прекинат синџирот на омраза и насилство. Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да се солидаризираат со секој што е мета на омраза и насилство, а секој настан од овој вид да го пријават кај нас.“ – апелираат од ЦИВИЛ.

Како и во минатото, така и во иднина, ЦИВИЛ ќе продолжи категорично да бара од институциите да преземат сериозни и решителни мерки да ја искоренат дискриминацијата, но и некомпетентноста од своите редови и решително да ги санкционираат сите облици на говор на омраза и насилство против поединци и групи.

Tags: антинационализамвладаговор на омразаинституциинасилствонационализамполиција
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ