• Latest

Курвиче, ќе ве истребиме сите, а тебе ќе те распнеме на крст!

January 29, 2018
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Курвиче, ќе ве истребиме сите, а тебе ќе те распнеме на крст!

January 29, 2018 08:55
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Една наша другарка, со која заедно чекоревме со километри во поворките за демократија, еднаквост и слобода, горда, свесна и добра личност, космополитка и антинационалистка, се минува низ пекол, веќе со години. Нејзиниот живот е исполнет со страв и насилство кое го трпи од маалските насилници. Ја туркаат, ја навредуваат, а неколку пати физички ја нападнале.

Нејзината единствена „вина“ е што е Македонка!

Пишува: Џабир Дерала

Маалските насилници ја нарекуваат со погрдни имиња како „курва, ороспија, каурка…“. Кога ќе се појави на улица, често ѝ довикуваат: „Сите ќе ве истребиме! Оди си од тука!“, „Ќе те распнеме, каурко! Како оној вашиот, ќе те распнеме и ќе те сечеме на парчиња!“. И така секој ден.

Тоа е секојдневието на оваа жена од етнички мешано соседство, која рамо до рамо со своите сограѓанки и сограѓани маршираше против насилничката и криминалната власт. Никогаш не прашала за етничката припадност на тој до неа во колоните на слободата… Се залагаше и сѐ уште се залага за еднаквост и толеранција. Таа сега е „виновна“ затоа што е Македонка и се плаши за својот живот, а достоинството ѝ го газат со незамисливо грди зборови и постапки.

Откако е натепана последниот пат, не спие во својот дом, во кој израснала и каде што порано немала никакви проблеми.

Според тоа што ми го раскажа оваа другарка, полицијата реагирала, најблаго кажано, многу чудно. Во станица ја третирале како криминалка, како таа да е насилникот. Ѝ го смениле и исказот. Сега се плаши и од нив, полицајците.

За оваа Македонија се боревме? Ова е демократија, еднаквост и слобода?! Да не смее некој што е од различна етничка заедница слободно да се движи на улица? Основните права, правото на живот(!), слободата на движење, сите права ѝ се згазени, а системот очигледно не реагира. Колку вакви случаи има?

На своја кожа сум почувствувал како изгледа дискриминација неброено многу пати низ животов. Затоа, знам како изгледа. Малку е да се каже дека е тешко. Но, токму затоа немам намера да се помирам со ова насилие!

И барам од полицијата, градоначалниците, сите ресори во Владата да го прекинат синџирот на омраза и насилство, да го откорнат националистичкиот коров кој ревносно го сееше претходната власт, а ни оние пред нив не се прославија. Барам од моите сограѓанки и сограѓани да се солидаризираат со секој што е мета на фашисоидните бандити во секое маало, на секоја педа од нашата шарена Македонија!

Убаво сето тоа, закони за јазици, правична застапеност, антидискриминација… Се борам за човекови права и слободи, се борам против дискриминацијата откако знам за себе. Но, ние не сме доволни, лостовите на моќта се на друго место. Токму носителите на одлуки, креаторите на законите и политиките мораат да знаат дека работат за нас, обичните смртници, да живееме спокојно и да не се плашиме додека одиме по улица. Мораат да погледнат околу себе и да се соочат со бруталната реалност во која живееме и да го спречат лудилото на поделбите и насилството.

Ова не се издржува! Не само што не смее да се дозволи, туку мора решително и остро да се казни! И, колку што се виновни овие екстремисти, толку, ако не и повеќе, виновни се медиумите, политичарите и институциите! Мора да го сопрат ова лудило веднаш, сега и без ниедна минута одложување. Денеска мислам да се јавам во МВР.

 


Oбјавено во Плусинфо. Преземањето на оваа содржина е дозволено под нови услови и само со одобрување од ЦИВИЛ. Контакт: civil@civil.org.mk 

Tags: АлбанциМакедонцинасилствонационализамполиција
Share333TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ