• Latest

ЦИВИЛ: Родовата еднаквост не смее да биде декларативна, туку суштинска!

March 8, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Родовата еднаквост не смее да биде декларативна, туку суштинска!

March 8, 2018 14:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ им го честита 8 Март, Меѓународниот ден на жената, на сите граѓанки и граѓани на Република Македонија и светот. Воедно, ја алармираме јавноста дека падот на дискриминаторскиот режим на Груевски не смее да значи и застој во борбата за максимална родова еднаквост и почитување на човековите права и слободи. Постојат уште безброј предизвици на ова поле, а во самиот старт, новата Влада не покажа доволно сензибилитет за родовите прашања.

Само четири од 22 министерски позиции во Владата, само шест од 81 градоначалнички места, а 43 од 120 пратенички места им припаднаа на жени. Тоа е неприфатливо! Владата, институциите на локално и национално ниво, парламентот и општеството во целост имаат обврска за правична родова застапеност. Тоа се однесува и на правичната родова застапеност на одговорни функции од кои се носат одлуки за политиките и практиките на државно и локално ниво.

ЦИВИЛ ѝ препорачува на Владата, во пресрет на владината реконструкција, да поведе повеќе сметка за родовата еднаквост во текот на тој процес, но и да не застане таму.

И воопшто, ЦИВИЛ бара од сите политички партии да ја сфатат родовата еднаквост како една од најважните, ако не и најважна задача – да креираат политики според кои жените ќе го добијат заслуженото место во сите сфери во општеството и државата.

По долгата деценија во која жената беше понижена и сведена на објект и апарат за репродукција, крајно време е да се врати достоинството на жената и сите, солидарно, да се заложиме за максимално почитување на правата на жената во Македонија.

Повиците за учество и застапеност на жената во политиката, односно институциите на власт со 30 проценти, ЦИВИЛ ги смета за дефетистички и потценувачки. Бараме најмалку 50 проценти застапеност на жената во политиката и државните институции, соодветно на нивната застапеност во општата популација.

Доследна и систематска институционална и општествена заштита на правата на жената, нејзина вистинска заштита од мобинг, дискриминација и семејно насилство, решителни мерки за санкционирање на кршењето на родовите права, се императив на едно демократско општество.

Улогата и застапеноста на жената не смее да биде декларативна, туку суштинска!

Tags: влададискриминацијаправа на женатародова еднаквостчовекови права
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ