ЦИВИЛ – Центар за слобода испрати порака до граѓанските новинар(к)и и набљудувачите да снимаат, фотографираат и пишуваат за текот на кампањите на политичките партии.
Иако се очекува кампањите на политичките партии во 35те општини, каде ќе има прегласување на 29 октомври, да поминат мирно, сепак, препораката на ЦИВИЛ е да се остане буден и внимателен.
Поучени од долгогодишното искуство со изборниот мониторинг, локалните избори можат да бидат уште потензични како што се приближува денот на гласање во вториот круг.
ЦИВИЛ порачува: „Бидете фокусирани, следете што се случува во вашата општина, известувајте. За секое прашање и сугестија мониторинг тимот останува деноноќно на располагање. Во заедничката битка да придонесеме кон слободни избори, ние имаме нулта толеранција кон изборните нерегуларности.“
Секоја информација, снимка, фотографија можете да се испраќа на [email protected] или да се пријави на телефонските броеви: 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138. На располагање е и онлајн формуларот www.slobodniizbori.info
На веб страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик ќе се објавуваат информации и извештаите од изборниот мониторинг што пристигнуваат од набљудувачите грaѓанските новинар(к)и, но и многу други информации важни за граѓанките и граѓаните.