• Latest

ЦИВИЛ со мониторинг тимови во Босилово

August 31, 2017

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ со мониторинг тимови во Босилово

August 31, 2017 12:49
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудува референдумот во Општина Босилово што ќе се одржи во недела (3 септември), а на кој граѓанките и граѓаните на Босилово ќе се изјаснат за работењето на рудникот Иловица.

На референдумското гласачко ливче ќе бидат поставени две прашања, едното дали граѓаните се „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато – Иловица, и другото, дали се „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда.

Во текот на денешниот ден, Општинската изборна комисија треба да излезе со конечните списоци за бројот на гласачи кои своето право на глас ќе го искористат на 19-те гласачки места.

Во струмичкиот регион ќе се организира референдум и во Општина Ново Село што ќе се одржи на 17 септември.

ЦИВИЛ и натаму продолжува со поддршката на демократското право на граѓанките и граѓаните на Македонија да го искажат своето мислење за отворањето на рудници ширум земјата, директно преку своите мониторинг тимови кои им стојат на располагање на сите кои сакаат да пријават нерегуларности, закани, притисоци и уцени.

Пријавите за нерегуларности може да се поднесуваат на тел: 075/389 698 и 075/389 699, а на располагање е и веб- страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности, или преку порака на Фејсбук страницата Слободни избори.

Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација е онлајн аликација достапна на граѓанките и граѓаните во секое време да пријавуваат нерегуларности.

ЦИВИЛ во текот на референдумот ќе ја информира јавноста преку соопштенија, преку прилози на веб-страницата ЦИВИЛ Медиа и преку информации на социјалните мрежи на ЦИВИЛ за резултати од набљудувањето на терен.

Засега, ЦИВИЛ останува единствената организација која ги следи сите референдуми во континуитет, од самиот почеток, од неуспешниот референдум за ГТЦ, до последниот референдум во Валандово.

Во Гевегелија и Богданци беа забележани, помали технички недоследности, додека во Дојран мониторинг тимовите на ЦИВИЛ забележаа и притисоци врз населението да не излезе на референдум и истиот да се прогласи за неуспешен. До самиот крај на референдумот, излезноста беше помала од очекуваното, со што се доведе во прашање неговата успешност. Крајните бројки покажаа излезност на само 25 граѓан(к)и повеќе од потребните половина од населението!

Конечните резултати од неуспешниот референдум во Валандово се: 4,683 гласачи излегле на референдумот, односно 46,15% од 10,141 граѓанки и граѓани запишани во Избирачкиот список. Причина за неуспешноста на референдумот се притисоците врз населението кои започнаа уште за време на кампањата за референдумот, а продолжија сè до затворањето на избирачките места на денот на референдумот.

 

Tags: БогданциБосилевоВаландовоГевгелијаДојранИловицаНово Селореферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ