• Latest
Добро утро со Орданоски

Злостор и казна: случај СДСМ

April 4, 2018

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Злостор и казна: случај СДСМ

April 4, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]И[/dropcap]ма некаков „краток фитил“, една „потсвесна“ омраза (во недостаток на подобар квалификатив) кон СДСМ во дел од либералната, демократска јавност во Македонија на која не ѝ треба преголем повод за брзо и експлозивно да се артикулира како серија жустри, новогодишни антивладини петарди. На тоа, по којзнае кој пат во деветте месеци откако е Заев на власт, ме потсетува последнава бизарна „афера“ со некаква тотално безначајна збирка на поезија финансирана со јавни пари од Агенцијата за спорт и млади: некој навреден, невработен факултетски првенец на генерација од Ресен, „позајмува“ туѓ идентитет за, по пат на изигрување на конкурсните услови на Агенцијата, да објави книга на поезија чија главна карактеристика е дека е – безвезна. Книгата никој не ја прочитал од потпишаните кои требало да го сторат тоа, а вкупниот државен трошок изнесува цели две и пол илјади евра дубиозно наменети средства.

Во некои други времиња би рекле: Туф, туф, чудно ми чудо, се тресела гората од едно поетско глувче!

Но, се испостави дека така не мисли јавноста, особено слободарската: инцидентот предизвика голем скандал, се крена таква масовна јавна реакција – за малку ќе кажев хистерија, ама ќе ме растргнат по социјалните мрежи – во која се дедуцираат „старите методи на работа“ и „раширените симптоми“ на старо-новото неодговорно однесување, поради што се бара неодложна политичка и правна одговорност за вмешаните, оставки од одговорните, а и Заев, богами, би требало да размисли за одржливоста на својата премиерска позиција!

Дури и онаа тотално вмровска Агенција за заштита од дискриминација, која, од игнорантство и мрзелива залежаност, во „нормални“ околности ни водата не би ја погодила да падне од чамец на сред езеро, експресно излезе со официјална осуда заради детектирано поетско ширење говор на омраза, со елементи на етничка нетрпеливост и мизогенија, да не кажам женомрство!

Памтите, не така одамна, слична експлозивна реакција имаше за бројот на испиените кафиња и кисели води во некои од министерствата на Владата; пред тоа, за именувањето на една новинарка како советничка за штогоде на Шекеринска; пред тоа, за оној што патуваше со бизнис класа до Аргентина; пред тоа, за… Не дека во сите овие случаи немало елементи на пропусти, превиди, неснаоѓања, лоши кадровски решенија или некакви дребни мижи-бутај злоупотреби. Но, реално, кога смирено ќе ги одмерите димензиите на овие инциденти, тогаш силината на најголемиот дел од јавните реакции делува тотално ексцентрично и повеќе доликува на толпа која повикува да се донесе ортома за веднаш да се спроведе правдата, по можност и без „судење“!

СДСМ мора да размисли зошто предизвикува волкава несимпатија и, велам, чувства на нетрпение во деловите во јавноста каде би требало да превладува, ако ништо друго, барем пропорционалноста во реакциите на нивното практикување на власта. Наведените случаи мора да се само поводи за некаква подлабока причина, некоја потисната фрустрација и незадоволство, некаква базична недоверба кон нивниот „бренд“, која сега избива на површина кај луѓето кои со својата масовна поддршка помогнаа да се сруши претходниот криминален режим. Зошто сега тие луѓе почнуваат да се чувствуваат изневерени? Дотолку повеќе што тие чувства не се секогаш политички рационални или логички артикулирани…

Прагот на толеранцијата кон пропустите во владеењето на оваа Влада е неспоредливо симнат многу подолу од воздржаноста со која јавноста ги трпеше (и со години, во значаен дел, молкум ги поддржуваше) глупостите и криминалите на претходната власт. Можеби тоа има врска и со „лошата совест“ на таа јавност, која не сака да се чувствува одговорна за катастрофата на минатата власт?! Слоганот „Сите се исти!“, колку што може да важи за политичарите, толку важи и за оние кои ги гласаат.

Па, сепак, СДСМ мора да навикне дека – согласно нивните предизборни ветувања! –новиот стандард на однесување на „пробудената“ јавност е, сега, да бара отчетност и за римите во државно финансираните поетски строфи!

Груевски правеше сè за да му се плашиме. Заев се стопи од демагогија за да ни се допадне. Е, па, сега веќе немаме страв, а љубовта ни има граници!


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: АМСЗаевјавносткритикиСДСМскандал
Share215TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ