• Latest

Земјоделците најавуваат „селанска буна“!

April 25, 2017
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
Украина, 17 септември 2026 (фото: Национална полиција на Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ УКРАИНА: 157 дронови, балистички и крстосувачки ракети, над 20 повредени, меѓу нив и деца

September 17, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Американски санкции за Москва, ЕУ со историска понуда за Канада, ОН предупредува на опасната трка во развојот на ВИ, жестоки битки и цивилни жртви во Украина

September 17, 2026

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Земјоделците најавуваат „селанска буна“!

April 25, 2017 14:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјоделците од Македонија ѝ дадоа 24-часовен ултиматум на власта за исплата на субвенциите. Во спротивно, најавуваат дека ќе го блокираат Скопје. А, земјоделците од Прилеп, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и други населени места од овој регион, бараат итна исплата на парите за субвенциите од минатата година, како и од 2015-та и делумно, од 2014-та година! Во спротивно, тие се закануваат со селанска буна, а за лидер го повикуваат министерот Михаил Цветков. Доколку не се исплатат итно парите, велат дека ќе организираат масовни протести на патните правци Прилеп-Битола и Прилеп-Македонски Брод.

„Доколку министерот Цветков не сака да биде наш лидер, тогаш го повикуваме во нашите канцеларии што ќе бидат отворени на премините на патните правци Прилеп-Битола и Прилеп-Македонски Брод. Изминативе години, Цветков имаше одделна група земјоделци и само со нив преговараше, се среќаваше, заборави дека има други земјоделци во регионот. Сега нѐ манипулира со изјави дека не може да се сретне со надлежните, за да ни се исплатат заостанатите пари за субвенциите“, изјави за ЦИВИЛ Медиа Перо Стојкоски, претседател на Регионалниот земјоделски сојуз „Клас“ од Прилеп.
Тој додава дека на денешната средба, Управниот одбор на сојузот донел одлука и утре да се приклучат кон протестите на земјоделците што се одржуваат пред Министерството за земјоделство во Скопје.
„Земјоделските работи се во тек, нам ни требаат пари за да продолжиме со работа, а живееме само од земјоделство. Згора, субвенциите се пари, коишто ни следуваат со закон, значи, ние не бараме никаква привилегија, туку само државата да си исполни своите обрвски. Не ги прифаќаме изговорите дека државата нема пари, зашто ако нема, има можност да подигнат кредити. А, ние воопшто не сме виновни што не биле обезбедени парите, кои требаше досега да ни бидат исплатени“, реагираат земјоделците од Пелагонија.

На вчерашната прес-конференција министерот Цветков, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе бидат исплатени субвенциите, рече дека застојот во исплатата е поради колизијата на законите за избори и за земјоделство и рурален развој, и оти на средба во Министерството за финансии ќе се бара решение на проблемот.

„Се договоривме Платежната агенција до 31 мај  да ги изготви решенијата за исплаќање субвенциите од 2016 и да се достават во трезорот  за исплата. За 2015 година веќе се доставени и со отстранување на законските пречки, земјоделците ќе ги добијат субвенциите“, рече Цветков, посочувајќи дека за исплата остануваат над 50 милиони евра.

Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција посочи дека новата влада веднаш ќе ги исплати субвенциите.

„Само избор на Влада веднаш, е решение за проблемот на земјоделците со субвенциите, што го создаде несовесната, неодговорна и криминална власт во заминување! Новата Влада, веднаш по изборот, ќе ги исплати субвенциите на земјоделците за 2016, како и задоцнетите за претходните години и веднаш ќе обезбеди повисоки и редовни субвенции, согласно законот“, изјави Николовски.

M. Талеска

Tags: земјоделциисплатаКласМЗШВМихаил ЦветковпариПеро СтојкоскиПротестрегионален сојузселанска бунасубвенции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ