• Latest

Габер: Постапката на Иванов е недржавничка!

April 7, 2017

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Габер: Постапката на Иванов е недржавничка!

April 7, 2017 13:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот Виктор Габер, дипломат од кариера, по соопштението на Дипломатскиот клуб во кое се изразува загриженост затоа што „во прашање се доведени партнерските односи на Македонија со ЕУ, воспоставени со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, кандидатскиот статус на Македонија, визната либерализација, сѐ дури и до губење на препораката за почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ“, зборува за ЦИВИЛ Медиа за политичката криза, за состојбите во македонската дипломатија, за однесувањето на претседателот Иванов и за загрозената позиција на Македонија на меѓународната сцена… 

Во однос на загрозената позиција на Македонија на меѓународната сцена, Габер вели дека се води политика која нé оддалечува од нашите стратешки цели, односно интеграција на Македонија во Европската унија и НАТО.

За настапите и постапките на Ѓорге Иванов, неговото избегнување на средбата со Јоханес Хан и за изјавите на Доналд Туск, Габер е дециден дека тие не одат во прилог на подобрување на позицијата на Македонија на меѓународната сцена.

„Постапката на Иванов е недржавничка постапка којашто на Македонија не ѝ обезбедува авторитет во рамките на она што го претставува Европската унија, што претставува напредок на земјата во интегративниот процес, бидејќи сакаме да одиме напред, а не се среќаваме со тој што е најодговорен, и тоа не се среќава тој што е претседател?! Што се однесува до Туск, таму има две непријатни работи. Првата е кога вели дека треба пристојно и со здрав разум да се пријде во решавањето на проблемите! Кризата значи дека одредени демократски процеси кај нас стагнираат, и тоа светот го гледа. И втората е кога вели дека повеќе нема да нѝпружаат никаква помош, додека самите не се договориме“, одговори Габер на прашањетона ЦИВИЛ Медиа.

За ситуацијата во македонската дипломатија Габер констатира дека е очајна и во кадровска и во материјална смисла.

„Во нашето општество кон дипломатијата не се гледа како една државно одговорна, па и софистицирана, државна дејност, туку се гледа како на вработување на кадри коишто се блиски до одредени структури кои денеска имаат одлучувачко влијание во општеството“, вели амбасадорот.

За тоа дали постои „план Б“ во македонската дипломатија, Габер е дециден дека во надворешните работи секогаш мора да постојат алтернативи, а во однос на предлозите за излез од очајната ситуација, тој потенцираше: „Препораките на Дипломатскиот клуб се дека стратешките цели мора да се бранат. А стратешките цели се знаат. Ако веќе Собранието, уште од 1993 година, рекло дека одиме кон НАТО, односно кон Европската унија, тогаш немаме други препораки, освен да се работи и да се истрае на овие концепти коишто се од битно значење“, изјави Габер.

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

 

Tags: Виктор ГабердипломатијаДоналд ТускЕУЈоханес Ханмеѓународна заедницаНАТОполитичка криза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ