• Latest

ЕП бара транспарентна транзиција на власта во Македонија

February 28, 2017
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕП бара транспарентна транзиција на власта во Македонија

February 28, 2017 12:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и осум „против“, утрово ја усвои Предлог резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година.

Европратениците во АФЕТ-комитетот претходно усогласија 28 компромисни амандмани (во однос на вкупно 318-те поднесени) кои денеска беа изгласани, а во нив се содржани и термини „Македонија“ и „македонски“, но исто така, и предвидување дека македонската држава наскоро ќе добие нова Влада, па се бара „транспарентна транзиција“.

Европарламентот, со оваа Резолуција ја потврдува осмата позитивна препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, но со услов исполнување во целост на договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети на ЕК. Како што известува дописникот на МИА од Брисел „ЕП ја потврдува својата недвосмислена и силна посветеност на процесот на пристапување на земјата во ЕУ“, како и дека „по две одложувања да се одржат предвремени парламентарни избори во Македонија, на 11 декември 2016 тие беа одржани во уредна и мирна атмосфера, во согласност со меѓународните стандарди и во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и поминаа без поголеми инциденти, генерално беа добро спроведени а одѕивот на гласачите беше висок“.

Осмиот компромисен амандман, кој денеска беше усвоен, потврдува дека европратениците очекуваат „формирање на нова, стабилна и одговорна Влада и транспарентна транзиција, во согласност со уставните и законските барања и постапки“. Во овој компромисен амандман се повикуваат сите страни во Македонија „да се воздржат од какво било попречување во однос на ефективното функционирање на парламентот“.

Европскиот парламент ја повикува новата влада на Македонија да воспостави транспарентни и ефикасни линии на одговорност меѓу и во рамки на институциите, и препорачува правична застапеност на сите заедници во сите нивоа на јавната администрација.

Неколку компромисни амандмани се усвоени за безусловна и непречена работа на Специјалното обвинителство, на кое треба, според Резолуцијата „да му се даде време и сите ресурси за без опструкции да ја врши својата работа“, која, според компромисниот амандман 15, треба да доведе до „правна и политичка одговорност“.

Исто така, Европскиот парламент смета дека се потребни конкретни мерки, со цел да се постигне општествена кохезија меѓу различните етнички, национални и верски заедници во Македонија.

„ЕП ги потсетува владините и партиските лидери на своите заложби за целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор на инклузивен и транспарентен начин, да се заврши задоцнетиот преглед без натамошно одлагање, вклучувајќи ги и политичките препораки и да се обезбеди доволен буџет за негово спроведување. Се осудува секој облик на иредентизам и секој обид да се распаднат различни социјални групи, и се нагласува важноста да се започне долгоочекуваниот попис без натамошно одлагање“, се бара во Резолуцијата за Македонија во ЕП.

Резолуциите на Европарламентот немаат правно дејство за сите држави, туку се само советодавни и може, но не мора да се земат предвид од другите ЕУ-институции и од земјите-членки на Европската унија.

Tags: БриселвладаЕвропска УнијаЕвропски парламенттранспарентна транзиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ