• Latest

Не – за насилството и омразата, да – за одговорноста и неселективната правда!

May 16, 2017
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Не – за насилството и омразата, да – за одговорноста и неселективната правда!

May 16, 2017 09:57
in ГОВОР НА ОМРАЗА, СЛОБОДНА ЗОНА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не може и не смее да има, почитувани мои сограѓан(к)и, било какви оправдувања за насилството и омразата, заканите по физичкиот интегритет, како и за нападите врз достоинството на која било личност или општествена група, без оглед на припадноста! Поведението, минатото, ставовите и постапките на одредени јавни личности, политичари, партии, организации…, не смеат да бидат повод, причина или „оправдување” за насилна реакција!

Пишува: Петрит Сарачини

Без оглед на различните „погледи на свет”, различноста според политичка, етничка, верска, сексуална определба или кој било друг основ, па дури и криминалното поведение на некои луѓе и структури, кое често не вади од кожа и такт…, насилството и омразата не се решение за нашите проблеми! Напротив, тоа само ќе значи нивно продлабочување, а токму тоа не смееме да си го дозволиме со овие прашања, затоа што тие се една од клучните закани за нашето општество.

Проблемите се сериозни, но едноставни и јасни за детектирање. Ги нотираат сите меѓународни извештаи, сите релевантни домашни стручњаци, секој граѓанин интимно знае кои се работите кои нè доведоа до ова средновековие. Тоа е неказнивоста за насилството, омразата и криминалот, тоа е неспроведувањето на законите, селективната правда, „Сваровски“ и „тефтер“ – судството, обвинителството кое работи по партиски и политички диктат, партиската полиција „МВРО“…

Но, за оваа состојба, сакале да признаеме или не, придонесува и нашето поведение, молкот пред неправдите, опортунизмот, подлегнувањето кон „шемите“ на клиентелизмот, и разни други „оправдувања“ за секојдневното кршење на законите, при што, на „обичните луѓе“ им се прогледува низ прсти за поситни прекршоци (секако, ако се послушни и подобни), а на оние „понеобичните“, секако, за далеку посериозни криминали…

А штом е таков проблемот, удирањето по самарот, наместо по магарето, не врши работа. Решението, можеби некому ќе му прозвучи премногу декларативно и демагошки, но сепак, лежи во правото и правдата. Буквално.

Решение е да се департизираат и да почнат да функционираат институциите и независните механизми за меѓусебна контрола на институциите. Решение е кршењето на законот и криминалот да се санкционираат правично и неселективно. Решенијата треба да ги спроведуваат надлежни институции затоа што, во една демократија, единствено државата има право да користи инструменти на присилба и ограничување на слободата. Решение е граѓаните да бидат едуцирани за нивните права, но и за одговорностите.

Да не зборуваме сега за правата и слободите на луѓето во Македонија кои се газат на секој чекор, секојдневно. Но, дури и при таква состојба, треба да се знае дека и најголемите злосторници мора да поминат низ соодветна правна процедура, во која ќе ги имаат сите можности да ги остварат своите права на фер и правично судење. Секој друг пристап, нема да ни донесе напредок, туку уште повеќе проблеми.

Какви, видовме на 27 април.

Засега, нашата држава (полиција, обвинителство, судови) ретко ги пронаоѓаат насилниците и криминалците, особено оние кои имаат заштитници во политиката, во власта. Тоа треба итно да се смени!

Ете ја вистинската адреса, кон која треба да биде насочен нашиот притисок и гнев. И, секако, тој притисок и гнев треба да бидат артикулирани на начин, којшто им личи на граѓанки и граѓани на една вистинска демократија! Ако таа состојба вистински ја посакуваме, ќе ја донесеме само доколку и самите така се однесуваме!

Tags: демократијакриминалнасилствонеселективна правдаодговорностомразарешенија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ