• Latest

24 ЧАСА: Доставени предлози за намалување на цените на група производи; Зеленски нема да го прифати исходот од американско-руските разговори без учество на Украина, Дерала злоупотребен како „аргумент“ против и во корист на Груевски

February 17, 2025

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Доставени предлози за намалување на цените на група производи; Зеленски нема да го прифати исходот од американско-руските разговори без учество на Украина, Дерала злоупотребен како „аргумент“ против и во корист на Груевски

February 17, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
ВЕСТ НА ДЕНОТ

Трговците доставија предлози за намалување на цените на групи производи

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, денеска до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат ги доставила предлозите за обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи.  Како што информираат од Комората, предлозите се подготвени по одржаниот состанок во петокот во Министерството за економија и труд, заедно со министерот, заменик-министерот, претставници од релевантни институции, како и членови на Комората.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: Украина нема да го прифати исходот од американско-руските разговори доколку не е вклучена во нив

„Украина ги смета сите преговори за Украина без Украина како преговори кои немаат резултат и ние не можеме да признаеме … какви било договори за нас без нас“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по повод најавените американско-руските разговори оваа недела за завршување на војната во Украина.

РЕГИОН

Во Хрватска неделава најавен бојкот на банките и телекомуникациите

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ денеска соопшти дека бојкотот на пекарниците во Хрватска е голем успех и најави дека тој ќе продолжи и следната недела, овојпат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на нивните услуги.

СВЕТ

Пет клучни поенти од Минхенската безбедносна конференција

Низа американски декларации ја потресоа минатонеделната конференција за безбедност во Минхен и предизвикаа несогласувања меѓу присутните европски политичари. Се очекуваа американските и руските претставници да се сретнат Саудиска Арабија оваа недела за да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина, каде Украина и европските политичари не беа поканети да присуствуваат, и покрај инсистирањето дека мора да бидат вклучени за да биде веродостоен секој прекин на огнот.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот:Светските лидери со честитки за 17 години Косовска државност; Кој ги затвори вратите на Косово; Албанија нема да прими палестински бегалци; Стејт департментот бара повеќе истраги за перење пари

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како го оценувате настапот на Мицкоски на безбедносната конференција во Минхен?

СЛОБОДНА ЗОНА

За да се оспорат и разобличат дезинформациите често се користат „аргументи“ што се, исто така, манипулативни и лажни. Кога тоа се случува, добивате само уште една дезинформација и ништо повеќе. Еве еден таков случај, накратко опишан во новото #esPRESSo на Џабир Дерала „Како бев злоупотребен како „аргумент“ против и во корист на Груевски“.

Ало Миле

„Се чини дека секое диктаторче на овие западнобалкански простори, си има по еден свој Миле. Со Миле, си ги споделуваат големите мисли кога ќе им надојдат од малиот мозок, со Миле ја пресметуваат висината на провизијата, тактиките за избори, и секако дека Миле може да се јавува кога ќе посака, и само на Миле му креваат, дури и кога ѕвони од непознат број“, пишува Драган Мишев во БРЗА ПОШТА „Миле ми текна, и на српски“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Дневникруско-американски договориУкраинацениЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ