• Latest

24 ЧАСА: Евроинтеграцијата цел и интерес на државата за постигнување мир и безбедност; ВМРО-ДПМНЕ е последна која треба да реагира на измените на КЗ, смета Пендаровски; ЦИВИЛ отвори дигитална библиотека

October 20, 2023
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Евроинтеграцијата цел и интерес на државата за постигнување мир и безбедност; ВМРО-ДПМНЕ е последна која треба да реагира на измените на КЗ, смета Пендаровски; ЦИВИЛ отвори дигитална библиотека

October 20, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Денеска се одржа Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што Собранието ја организира заедно со ПССЕ.Во своето обраќање претседателот на Собранието, Талат Џафери, истакна дека сега е вистинското време за сите политички партии кои во своите програми се залагаат за евроинтеграција, да ја демонстрираат својата посветеност и на дело. Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ,  изјави дека Интеграцијата на земјите од регионот заедно со земјите од поранешното Источно партнерство, пред се Украина и Молдавија, до 2030 година не е само наша цел и интерес туку е геостратегиско прашање од огромно значење за регионот, за европскиот мир, стабилност и безбедност.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на сегашните функционери, кои кога нема да бидат на власт нема да одговараат бидејќи ќе го нема членот 353. Но, доколку е така, нека објаснат како измените, односно често споменуваниот член 353 ги опфаќа и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ како Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Миле Јанакиески, Димитар Димовски. Опозицијата е последната која треба да реагира во основ на Кривичниот законик. Дали е точно дека опозицијата направи кворум? Можеше да не направи. Законот беше со европско знаменце, добро, три дена е, но тие знаеле дека да чукаат со тенџериња во Собрание кога се носеле некои закони, и не мораа да влезат внатре да направат кворум“, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Информативната платформа „Bring Kids Back UA“ ја започна својата работа за да ја информира меѓународната заедница за украинските деца насилно депортирани од Русија. Организаторите на платформата ја објавија веста на Х (поранешен Твитер).

*

Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето до нацијата од Овалната соба вели дека Путин и Хамас сакаат да ги „уништат“ соседните демократии.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и му се заблагодари на тимот на светската организација за подготовката на планот вреден 435 милиони долари за зимата во Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ГАЗА Најмалку 352 лица загинаа, а 669 се повредени во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа. Агенцијата на ОН за палестински бегалци во петокот потврди дека се убиени уште двајца нејзини работници, со што бројот на загинати меѓу персоналот од почетокот на војната се искачи на 16.

ИЗБОРИ Д-р Вело Марковски најави учество на претседателските избори во 2024 година како независен кандидат.

МВР На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Струмица, Штип и Велес во текот на вчерашниот ден беа организирани превентивно-едукативните активности на полициските служби посветени на повеќе теми.

АЛ -ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Косовските Срби бараат одложување на рокот за пререгистрација на возилата; адвокатот на Радоичиќ го спори барањето на ЕП за разгледување на негова екстрадиција; Рама раскажа што му кажал Макрон за визите за Косово.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Водечките руски државни медиуми, Z-Телеграм каналите, но и еден бугарски информативен портал, Глас њуз. бг, шират дезинформации за наводна престрелка меѓу украинската војска и суданските вооружени сили во Судан. Како резултат на тоа, наводно загинале осум украински и 10 судански војници“, повеќе во „Руските пропагандисти, но и еден бугарски портал „лажираа“ смрт на осум украински војници во Судан“

„Ширењето дезинформации од македонските корисници на социјалните мрежи добива на интензитете со најновите случувања на Блискиот исток. Војната помеѓу Израел и Хамас ги поттикна македонските „ дежурни“ ширачи на лажни вести, дезинформации и пропаганда да ја засилат својата активност со цел да ја доближат само ним познатата „вистината“ на „заблудената“ и „неосвестена“ македонска интернет публика“, пишува во „Дезинформациите за конфликтот на Блискиот исток пуштени на најјако“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ отвори дигитална библиотека, достапна за секого, на секое место

Стартува Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ на ЦИВИЛМЕДИА.МК, во пресрет на 24-годишнината од постоењето на организацијата, која е формирана на 25 ноември 1999 година. За почеток, Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ на своите електронски полици ќе ги објави „Украина – година на хероизмот“ од Џабир Дерала, „Визии за зелената иднина“ (една публикација четири јазици и тоа: македонски, албански, англиски и српски) и „Зелена читанка“ / „Fjalori i Gjelbër“ (посебни публикации на македонски и албански) од група авторки и автори, „Белешки за македонскиот конституционализам“ од проф. д-р Љубомир Фрчкоски, „Reslient Journalism: Countering Disinformation and Propaganda“ (Отпорно новинарство: Борба против дезинформациите и пропаганда“, на англиски) од група авторки и автори.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Дали во една земја има слобода на изразувањето, најлесно може да се види за време на изборните процеси. Граѓанките и граѓаните на една земја не можат да гласаат слободно, без да имаат медиуми кои ќе им овозможат точна и навремена информација, без примеси на пропаганда и притисок од било кој вид. Многу е едноставно: Луѓето не можат да живеат нормално без слободни медиуми. Слободните медиуми се услов за мир и ненасилно решавање на конфликти, преку дијалог и јавна дебата. Тие се услов за развој на демократијата, стабилноста и развојот на една земја“, пишува Џабир Дерала во „Слободата на изразувањето е основно човеково право и гарант за нормален и достоинствен живот на луѓето“.

„Им застаре делото на бате Саше и екипицата за незаконското прислушување на околу 20 илјади македонски граѓан(к)и. Честитки! Со ова „пресуда“ се потврди дека функционира правдата во Македонија, и дека никој не е над законот, односно помина времето кога во затвор се лежеше за неколку украдени кебапи! Оваа радосна вест, бате Саше ја дознал само неколку дена откако го ожени синот веднаш по грандиозната свадба во Мериот на која присуствуваше македонскиот џет-сет. Бившиот шеф на УБК, и актуелен возач на затворско возило, во ексклузивна изјава за Сатира, вели дека е многу радосен и дека правдата уште еднаш го покажа своето праведно лице“ – Дехран Муратов во сатирата „Бате Саше ќе прави журка за сите прислушувани“.

„… во името на иднината на човештвото, секој има и обврска и долг токму тој, животот, да им го овозможат на сите деца, во моментот на палестинските и, ете, и поради тоа, поради оваа бура од сеопшта омраза, го повикувам, му верувам и учествувам, Цивил, тој се уште единствениот организиран македонски ветрец, да продолжи да ја промовира својата космополитска доктрина и, затоа, токму во името на ЖИВОТОТ на децата на светот, ЦИВИЛ мора да издржи!“, пишува Зоран Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС „Во име на животот на децата на светот Цивил мора да издржи“.

Подготви: Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дигитална библиотека на ЦИВИЛДневникинтеграцииКривичен законик
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ