ВЕСТ НА ДЕНОТ
Нападната новинарска екипа на ТВ24 на митингот на ВМРО-ДПМНЕ
Новинарска екипа на Телевизија 24 вчеравечер била нападната од едно лице за време на партискиот митинг на партијата ВМРО-ДПМНЕ пред Владата…
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Муслиу за ЦИВИЛ: Изборите ги добива тој што го наметнува наративот
Изборите ги добива тој што го наметнува наративот. Онаа што предизвикува реакција кај граѓаните. Лошите зборови и зголемените тензии не се прифаќаат добро меѓу граѓаните. Кога користите навредлив наратив, ова може да предизвика смеа во вашата база, кај вашите гласачи, кои и онака ги имате, но кај неопределениот граѓанин, кај граѓанинот кој има претпоставки, овој наратив може да предизвика повлекување и негласање…
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДИК Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе одлуки за објавување на описите на избирачките места и за измена и дополнувањена роковниците за изборни дејствија за претседателските и за парламентарните избори согласно измените на Изборниот законик…
ИЗБОРНА ДЕБАТА Весникот „Катимерини“ објави текст под наслов: „Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата во Северна Македонија“, во кој се пренесуваат пораките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски…
ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН Европската комисијата го поздрави политичкиот договор постигнат вчера меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан…
ИЗБОРИ Предизборната кампања за Претседателските избори денеска продолжува со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани…
ВОЈНА ВО УКРАИНА
• Во Хаг отворен меѓународен регистар на штети предизвикани од руска агресија…
• Јапонија ќе ја прошири забраната за извоз во Русија на уште 164 индустриски производи, како што се литиум-јонски батерии, гасни цевки и автомобилски моторни масла
КОНФЛИКТИ
- Израел ќе дозволи привремена испорака на помошта до Појасот Газа преку преминот Ерез, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Со 110 гласа „за“, Собранието на Албанија го изгласа Законот за кривична амнестија, од кој корист се очекуваат близу 1.100 осуденици, од кои 700 веднаш ќе бидат ослободени, известија албанските медиуми; Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од неговата влада во четвртокот да формира работна група која ќе направи се за да го спречи членството на Косово во Советот на Европа и ќе се обврзе да спречи усвојување на резолуција во Генералното собрание на ОН, за геноцидот во Сребреница…
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Ти одлучуваш! ГЛАСАЈ
Владанка Крстевски: Не постои поголем граѓански чин од одговорноста за сопствената иднина!
Актерката Владанка Крстевски порачува: Не постои поголем граѓански чин од одговорноста за сопствената иднина. Затоа, излези и гласај!
Иванова: Не дозволувај некој друг да тргува со твојата слобода!
Дуња Иванова, спортистка, музичарка, активистка, има порака за вас: Иднината зависи од сите нас! Не дозволувај некој друг да тргува со твојата слобода! Моќта е во тебе. Излези и гласај!
ИЗБОРНА ХРОНИКА
Вчера официјално започна предизборната кампања за седмите претседателски избори во Република Северна Македонија. Кандидатите, поддржани од коалициите, во јавни настапи на собири ги изложија своите програми и заложби на своите кандидатури.
СЛОБОДНА ЗОНА
Во 1998 година, во весникот „Факти“ во кој бев новинар, еден од колегите тргна за Тетово, каде што ќе се одржуваше заедничка прес конференција на тогашните Партија за демократски просперитет и Демократската партија на Албанците. Како млад новинар, но и како човек кој ја следеше активно политичката сцена, не верував дека тој настан се случува. Се обединуваа „преродбениците“ (властољупците) и „татковинците“. Слоганот на ПДП на едни избори беше „Да за албанскиот препород во Македонија“, а на ДПА „Гласот за татковинците“. Секако дека за татковината на крај памет не се мислеше на Македонија, пишува Сефер Тахири во колумната „Непринципиелни коалиции во албанскиот блок“
Можеби таквите амбициозни луѓе во политиката и не помнат што сè поминале или преживеале, а имаат за што да раскажуваат. Па една од тие траги до минатото, кое очевидно е подзаборавено е добро да се најде ако се следат тие „лепчиња“, оставени на видни места. Кај Сајко (51) како што го вика неговиот очевиден покровител Мицковски, едноставно податоците за животот или се избришани или само наредени, да не остане хартијата празна. Тој е од аспект на видливоста просто неприсутен, туркан по некоја невидлива кадровска линија, без да остави белег со некој потег, со некој говор, со некоја мерлива присутност во јавна, општествена инвестиција, пишува Љубомир Костовски во „ ПОЛИТИЧАРОТ ШТО ЈА ТЕСТИРА МОЌТА НА МИЦКОВСКИ ВО ПАРТИЈАТА: Ѓорѓија Сајкоски, невидлива биографија, а секогаш на функција“.
Анкетите наместо да бидат барометар за пулсот на граѓаните, дел од партиите ги искористат за влијание врз гласачите. Особено ако анкетите им ги изработува Владимир Божиновски-Влајко, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) кој денес се декларира како независен аналитичар. А во минатото?, пишува Драган Мишев во анаизата „ИПИС на Влајко, омилениот зачин во изборните манџи на пропагандната кујна на ВМРО – ДПМНЕ“.
САТИРА
Утро по големиот народен митинг на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во една приградска скопска населба…пробува да се разбуди полека отворајќи го едното око, мижурка додека зрак од дневната светлина му се зарива директно во мозокот.
„Уфф, ама заглавивме синојка во кафана после митингот“ си вели во себе додека преполната бешика од синоќешното прекумерно конзумирање различни видови алкохолни пијалоци му го прекинува излежувањето.
Мора да стане. Се тетерави до тоалетот со несигурни чекори како штотуку да проодил.
Онака мамурен, додека ги извршува физиолочките потреби, се смечка со крајот на усната додека делови од синоќешната теревенка му се враќаат во сеќавањето…прочитајте го сатиричното четиво „ Утрото по митингот на ВМРО-ДПМНЕ“од Бај Тошо Обаче.
Подготви: Д. Мишев