• Latest

24 ЧАСА: Почна процесот на исплата на платите во културата со покачување од 10 проценти; Србија шири руска пропаганда низ целиот регион; Производите со „гарантирана цена“ без зголемено ДДВ

October 12, 2023
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Почна процесот на исплата на платите во културата со покачување од 10 проценти; Србија шири руска пропаганда низ целиот регион; Производите со „гарантирана цена“ без зголемено ДДВ

October 12, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Министерство за култура: Почна процесот на исплата на платите со покачување од 10 отсто, во март ќе има ново усогласување на минималната плата

Министерството за култура информира дека е почнат процесот на исплата на платите во културата со покачување од 10 проценти, постапувајќи по Општиот колективен договор во јавниот сектор и по Заклучокот на Владата од 26 септември, со кој се задолжуваат државните органи да ја зголемат основната бруто-плата за 10 проценти.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дерала за ТВ Шења: Северна Македонија е пример како функционира пропагандата, Србија шири руска пропаганда низ целиот регион

Во емисијата „Интервју на Шења“, новинарот и претседател на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала, рече дека Северна Македонија е пример за тоа како функционира пропагандата.

„Ние сме пример. Со тоа што имајте предвид дека, ние сме само спунтот од она што се случува во Србија“, рече Дерала.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски во НАТО: Терористите како Путин или како Хамас се обидуваат да ги држат слободните и демократски нации како заложници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата се појави во седиштето на НАТО, во момент кога нова војна доминира на насловите и го спореди го Путин со терористите на Хамас

Со несмалена жестина продолжуваат руските гранатирања врз цивилни цели, погодени населени места во регионите Херсон и Донецк, има жртви

Додека фокусот на светската јавност последниве денови е сврен кон случувањата на блискиот исток и војната помеѓу Израел и Хамас, во Украина со несмалена жестина продолжуваат руските гранатирања врз цивилни цели.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека лидерите на Европската унија многу јасно ја потврдиле перспективата за членство на Западен Балкан и повикаа на забрзување на процесот на проширување.

ДАНОЧНА ПОЛИТИКА Луксузните возила и оние кои испуштаат поголем процент на јаглероден диоксид во воздухот ќе имаат повисока даночна стапка, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист и очекува уставните амандмани, кои се услов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ, а на кои, вели, се работи во моментов, да бидат донесени, и целиот процес успешно да заврши.

ОБСЕ Во игра се повеќе сценарија за тоа кој ќе биде следниот претседавач со ОБСЕ за наредната 2024 година, по завршувањето на мандатот на Северна Македонија, а едно од нив е нашиот мандат да биде продолжат за уште една година, вели шефот на дипломатијата и претседавач на Организацијата Бујар Османи.

БЛИСКИОТ ИСТОК Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Бени Ганц, лидер на опозициската партија Национално единство, во средата постигнаа договор за формирање влада на единство. Двајцата лидери рекоа дека новата влада ќе ги следи само нацрт-законите или владините одлуки во врска со конфликтот, што го предизвика Израел да испрати воени сили во Појасот Газа и да мобилизира голем број резервисти пред офанзивата против терористичките групи на Хамас.

ГОВОР НА ОМРАЗА Европската комисија ја заврши дискусијата во рамките на Групата на високо ниво за борба против говорот на омраза и кривичните дела мотивирани од омраза, со цел надградба и усогласување на Кодексот на однесување за справување со омразата и нетолеранција со одредбите од Законот за дигитални услуги на ЕУ.

ЗЕЛЕНИ Во рамки на програмата „Хоризонт Европа“, Европската Унија денеска на десет градови во земјите членки на ЕУ им ја додели титулата „климатски неутрални и паметни градови“.

АЛ-ПРЕС

Неколку часа пред Собранието да одржи специјална седница за Косово, постигнат е договор меѓу СП и ПД за заедничка нацрт-резолуција. Албанија ќе биде членка на Советот за човекови права за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2026 година. Косовскиот премиер Албин Курти рано во четвртокот изјави дека постои зголемен ризик од повторени насилни напади од „криминалните структури на Србија на Косово“, пишуваат албанските медиуми. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

МУЛТИКУЛТУРА

Како што кажа и градоначалникот, не значи дека Ромите се тие што треба да ги ставиме на тапет и да зборуваме за лошите особини. Сакам да кажам дека луѓето се делат на луѓе и не-луѓе. Луѓе што почитуваат, и луѓе што не почитуваат. Луѓе што имаат потреба од помош, и луѓе кои треба да дадат помош. Ако одиме по пристапот на Обединетите нации, луѓето се делат на две категории, едните се приматели на права, другите се даватели, односно, тие што треба да обезбедат основни услови за живот, посочи Мустафа Саидов, активист од Кочани, на јавниот настан „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“.

ЗЕЛЕНИ

„Единиците на локалната самоуправа согласно законската регулатива што ја носиме имаат многу обврски што треба да ги спроведуваат, ама соработката мора да биде и на централно  и на локално ниво.  Во сферата на управување со отпад општините имаат обврска за управување со отпад, ама ако погледнете на централно ниво, по региони, ние сѐ уште немаме конкретна ни финална реализација на регионална депонија“, истакна заменик министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

АНАЛИЗА

Доколку се обрне внимание на содржините кои дел од македонските медиуми ги објавуваат на своите канали за информирање, може да се добие впечаток  дека Северна Македонија, во најмала рака е членка на Руската федерација, а не на НАТО и претендент за идна членка на ЕУ.

Секое појавување на Путин во јавноста, вклучително и неговите изјави, кои скоро секогаш се на штета на евроатлантските интеграции, се пренесува некритички, во дел од нив и со нескриено воодушевување, без да се изрази било каков сомнеж во нивната вистинитост, а за проверка и спротивставување на ставовите воопшто не доаѓа предвид. Ова секако потсетува на информирањето во бившата СФРЈ, кога со воодушевување се пренесуваше секое појавување во јавноста, било дома или при посетата во страство на тогашнот ( доживотен) претседател, Јосип Броз-Тито. Очигледно, овие медиуми, рускиот диктатор го доживуваат како свој претседател, пишува Драган Мишев во анализата „ Македонските медиуми и руската пропаганда: Путин кивна, НАЗДРАВЉОТ!“

СЛОБОДНА ЗОНА

БЕЗ ФИЛТЕР

Многу ретко читам коментари на социјалните мрежи. Всушност, тоа не се коментари, туку се исечоци од претходно креирани ставови и предрасуди (и тоа во најдобар случај) или се чисто тролање. Голем број од коментарите се простачки, вулгарни и насилни. Што е најтрагично – не значат ништо и немаат врска со содржината која се коментира. Со еден збор – глупост.

Многу е смешно кога ќе објавите текст или видео за чие читање или гледање се потребни повеќе од една минута, а реакциите стигнуваат веќе во првите 10-15 секунди, а често и во првите пет секунди. Имаше еден период кога на секое наше видео на Јутуб, само што ќе го објавиме, се појавуваше dislike (не ми се допаѓа). Тоа беше многу забавно, да се види колку се ревносни  троловите задолжени да нè напаѓаат. Несомнено, оваа ситуација е уште поочигледна на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер (Екс), пишува Џабир Дерала во колумната „ШОКАНТНО! Прочитајте што има под насловот“

 

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестизелени вредностиизјавиколумниМултикултура
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ