Како што кажа и градоначалникот, не значи дека Ромите се тие што треба да ги ставиме на тапет и да зборуваме за лошите особини. Сакам да кажам дека луѓето се делат на луѓе и не-луѓе. Луѓе што почитуваат, и луѓе што не почитуваат. Луѓе што имаат потреба од помош, и луѓе кои треба да дадат помош. Ако одиме по пристапот на Обединетите нации, луѓето се делат на две категории, едните се приматели на права, другите се даватели, односно, тие што треба да обезбедат основни услови за живот, посочи Мустафа Саидов, активист од Кочани, на јавниот настан „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“.
И тоа се тие основни декларации прифатени од Обединетите нации, од сите европски институции и така треба и ние да делуваме.
Саидов порача дека дијалогот помеѓу заедниците мора да се подобри, со реални согледувања на состојбите на терен, како и со зголемен буџет за ромската заедница во Кочани.
„Во контекст на ромската заедница, и како долгогодишен активист на ромската заедница, генерално сум задоволен од работата на локалната самоуправа, без разлика што сум вработен, долги години мојата дејност е активизам.
Ако немаме систем во државата, ако немаме систем што дава резултати, што дава мотивација на граѓаните, ќе добиеме непожелна ситуација. Јас би предложил марки како тоа да се подобри, како да се подобри дијалогот помеѓу заедниците. Треба да се зголеми буџетот наменет за состојбите во ромската заедница, треба да имаме конкретни документи, реални, базирани од теренот, да направиме акциски планови во коишто реално ќе ја отсликаме состојбата, и реално ќе ги финансираме“, вели Саидов.
Д. Тахири
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Дехран Муратов