• Latest

24 ЧАСА: Продолжен притворот за осомничените за убиството на Вања и Панче; нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите; 7 и 8 јануари неработни за продавниците, штандовите и киосците

January 4, 2024

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Продолжен притворот за осомничените за убиството на Вања и Панче; нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите; 7 и 8 јануари неработни за продавниците, штандовите и киосците

January 4, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје донесе решенија за продолжување на мерка притвор против петте лица, осомничени за грабнувањата и убиствата на младата Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес. Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка.

Продолжен е и притворот за Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција. Меѓу осомничените е и таткото на Вања,  Александар Ѓорчевски, кого обвинителството го сомничи дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка, за сторено кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година. Тоа значи дека тоа е одраз на политиката што ја најави Владата дека ќе има интервенции во законот тоа да не се случи во 2024 година. Нема пари за дополнителното зголемување според законот каде што секоја година им следи зголемување согласно усогласувањето со просечната плата. Нема пари во Буџетот планирани за дополнително зголемување на платите на функционери и именувани лица“ изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Турција не дозволува влез во Црното Море низ Босфор на британските миноловци испратени како донација во Украина, иако пред почетокот на инвазијата истото го дозволи на руските воени бродови, кои потоа учествуваа во целосната воена инвазија врз Украина.

*

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 10 јануари ќе свика состанок на дипломатите од земјите-членки на Алијансата и украински претставници, по серијата неодамнешни масовни руски воздушни напади врз оваа земја.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА Владата на денешната седница одлучила да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници на 7 и 8 јануари 2024 година.

ОДБРАНА НАТО денеска најави дека ќе им помогне на своите членки да купат до 1.000 американски ракети „Патриот“ за подобро да се заштитат бидејќи Русија ги засилува воздушните напади врз Украина.

ИНВЕСТИЦИИ Највисока реализација на капитални инвестиции во однос на планираното во Буџетот е остварена минатата година. Реализацијата е на ниво од 97 проценти во однос на планираното, односно 707 милиони евра, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

КОНФЛИКТИ

„Убиството на Салех ал-Ароури, врвен лидер на Хамас, ја лишува милитантната група од еден од нејзините највешти тактичари. Според аналитичарите, тој помогнал да испраќа пари и оружје до оперативците на Хамас во Појасот Газа и на други места на Блискиот Исток и поцврсто ја интегрирал групата во иранската мрежа на сили посветени на борбата против Израел“, пишуваа Драган Мишев во „Што значи смртта на лидерот на Хамас за милитантната група“.

ПРОПАГАНДА

„Новогодишна желба на македонските рашисти е по дома да им шетаат вагнеровци. Извесен Инквизатор на интернет платформата Х објави фотомонтирана фотографија од руската платеничката група Вагнер на која на руски јазик пишува: „Онаму каде што војската не може да оди, (Вагнер) ќе го отвори патот, Македонија“, додавајќи коментар „Ај да ги дочекаме годинава“, се вели во извештајот на ЦМТ „Новогодишна желба на македонските рашисти е вагнеровци да им шетаат по дома“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Како да е крајно време Eurocontrol, европската организација за безбедност на воздушната навигација, да ја преземе контролата врз македонското небо, нашата агенција да ја стави под принудна управа и конечно да запрат дилемите за тоа за што натаму повеќе ќе се грижи МАНАВ, за платите на децата на партиските функционери или за животот на авиопатниците!“, пишува Зоран Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС „За платите на децата на партиските функционери или за животот на авиопатниците“.

„Политичарите ни честитаа, а јас не можам а да се отргнам од чувството дека се искрени. Само различно ја толкуваме логичната врска меѓу посакуваните желби за среќа. Тие велат нека ви е среќна Новата Година затоа што ако сте среќни ќе гласате за нас и тогаш ние ќе бидеме среќни а ако сме ние среќни и вие поради тоа треба да сте среќни. Замрсено нели? Исто како нашата политичка сцена“, пишува Војо Маневски во колумната „На државата и честитавме ли среќна Нова Година?“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: владаДневникнеработни деновиплатипритвор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ