• Latest

24 ЧАСА: Тензии во Чашка-предизборни националистички сценарија; Нашата единствена алтернатива е ЕУ, од европскиот пат нема да се откажеме – порача Ковачевски од Брисел; Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено

December 14, 2023
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Тензии во Чашка-предизборни националистички сценарија; Нашата единствена алтернатива е ЕУ, од европскиот пат нема да се откажеме – порача Ковачевски од Брисел; Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено

December 14, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

 

ТЕМА НА ДЕНОТ

ТЕНЗИИ ВО ЧАШКА

Полицијата со жив штит ја одбрани директорката од толпата, кој стои зад протестите?

Полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент кога група родители на ученици oд училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка, кои трета недела ја бојкотираат наставата поради одлуката на Министерството за образование да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката на училиштето во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор,  упатувајќи закани кон неа и извикувајќи погрдни зборови…

Ослободи го умот: Чашка – предизборни националистички сценарија

Дали со случувањата во општина Чашка, околу барањето за отворање паралелка на албански јазик во основно училиште, и одбивањето и протестирањето на населението, се отвора или продолжува ново поглавје на предизборни националистички сценарија? На денешната панел дискусија, на оваа тема, како и говорот на омраза и национализмот, дискутираат Џабир Дерала и Зоран Иванов. Модератор на панелот е Дехран Муратов.

Директорката ги пријави за малтретирање родителите што протестираа

Тројца од присутните на вчерашните протести пред ОУ „Тодор Јанев“ во општина Чашка, денеска беа на информативен разговор од полициска станица откако директорката на училиштето Елена Николова ги пријавила за физичко и вербално малтретирање откако вчера таа со полициски кордон едвај успеа да влезе во училиштето…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски од Брисел: Нашата единствена алтернатива е ЕУ, од европскиот пат нема да се откажеме и нема да отстапиме

„И овде во Брисел потенцирав дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и од тој процес не отстапуваме. Како Влада работиме напорно да ја оствариме нашата стратешка цел членство во ЕУ до 2030 година. Да обезбедиме подобар, достоинствен живот дома со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, повеќе работни места, подобар животен стандард, подобро образование, здравство, подобро функционирање на сите демократски и правни процеси. Да обезбедиме европски стандард и европски вредности дома во Северна Македонија.  Затоа што нашата единствена алтернатива е ЕУ, ние од европскиот пат нема да се откажеме и отстапиме“, изјави Ковачевски

ФЛЕШ ВЕСТИ

СУДЕЊЕ „ОРГАНИЗАТОРИ НА 27 АПРИЛ“Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари идната година. Дотогаш, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, се очекува Врховниот суд да донесе мислење во однос на иницијативата на одбраната да донесе начелно правно мислење за автентично толкување на Законот за амнестија поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Европската Унија вчера на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел ја потврди својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на земјите од регионот во Унијата и повика на забрзување на процесот на пристапување базиран на веродостојни реформи од нивна страна, фер и ригорозни услови и врз принципот на индивидуални заслуги.

ЦРНА ЛИСТА Прашана за тоа како најавата на амбасадорката Анџела Агелер за нови имиња на „црната листа“ влијаат на нашите евроинтеграциите, Петровска пред почетокот на денешната регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“, нагласува дека не само во делот на одбраната САД се наш стратешки партнер од осамостојувањето на оваа држава…

ПРАВДА Обвинителката Ленче Ристоска објави дека го добила случајот против Советот на јавни обвинители по нејзината претставка за дискриминација поднесена до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Од Советот на обвинители имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат …

ЗАГИНАТИ НОВИНАРИ Меѓународната федерација на новинари ( ИФЈ) евидентира дека во 2023 година биле убиени 94 новинари и медиумски работници, вклучително и 9 жени. Истовремено, речиси 400 други биле затворени.

ЕКСТРАДИЦИЈА Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосмничениот за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски е во тек, а Министерството за правда добило известување од надлежните органи во Турција дека барањето е пристигнато…

КУЛТУРА Промоција на романот „Се чини сѐ уште постои љубов или: Љубов во време на корона“ од Тина Иванова

ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ деблокира 10 милијарди евра за Унгарија, но поддршката на Орбан за Украина сè уште не е јасна

Комисијата на ЕУ одмрзна 10,2 милијарди евра (11 милијарди долари) замрзнати средства за Унгарија пред последниот самит на ЕУ на 14-15 декември, каде што блокот ќе одлучи за финансиска помош…

Демократите и републиканците се договорија во Сенатот, усвоен буџетот за одбрана за 2024 година, предвидени 300 милиони долари помош за Украина  со силна поддршка и од демократите и од републиканците во средата, заобиколувајќи ги партиските поделби околу социјалните прашања кои се закануваа на она што се смета за задолжителен предлог-закон.,,

КОНФЛИКТИ

Здравствени работници во Газа „земени“ од израелските сили среде ужасни услови во болниците

Акциите на Израел во и околу болниците во Газа наидоа на жестоки критики, бидејќи медицинските работници и невладините организации предупредуваат дека здравствениот систем на територијата е едвај функционален и не…

Израелската армија најави четиричасовна хуманитарна пауза во борбите во Појасот Газа 

Израелската армија објави четиричасовна „тактичка“ пауза во борбите во населбата Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Четиричасовната пауза е за „хуманитарни цели, за да му се овозможи на цивилното…

Ужас во Газа: Светот повикува на прекин на огнот  Останува неизвесна судбината на најмалку 200 израелски заложници кои ги киднапира Хамас и други вооружени групи. Засилената израелска опсада на Газа го блокираше влезот на стоки, вклучувајќи вода, храна и гориво, оставајќи повеќе од 2 милиони луѓе во Појасот Газа во услови на преживување…

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформација е дека Скопје нема да биде европска престолнина на културата во 2028 година

Дезинформацијата дека Скопје нама да биде европска престолнина на културата ја објавија интернет порталите „Фактор“ и „Република“. Фактор објави текст со наслов: „Скопје нема да биде европска престолнина на културата: Еве кој град победи“, со потпис дека е преземено од МИА.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Исклучените опозициски пратеници денеска се обидоа насилно да влезат во албанскиот парламент, при што се соочија со Гардата, известија албанските медиуми. На Самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, иако се очекуваше, немаше порака за членството на Албанија во ЕУ.

АНАЛИЗИ

Опасните наративи за „деукраинизација“ кои доаѓаат од Москва се обид да се замени значењето на поимот „денацификација“. Руските пропагандисти на тој начин ја бранат бруталната воена агресија врз Украина. „Деукраинизација“ е термин што се појави во руските државни медиуми за да ја опише крајната цел на бруталната војна на Русија против Украина. Додека војната беше започната како наводна „специјална воена операција“ под слоганите „денацификација“ и „демилитаризација“, овие термини се користеа сè поретко откако руската војска не успеа во својата првична цел, брзо да го заземе Кијив и да ја преземе контролата над Украина, пишува Драган Мишев во анализата „Рашистите повикуваат на „деукраинизација“: Кремљ со геноцидна кампања за дискредитација на Украина и Западот“.

Се чини дека европските лидери конечно почнаа да сфаќаат дека судбината на Украина сега е суштински поврзана со идната безбедност на Европа и мора да ја усогласат оваа интелектуална реализација со порешителни чекори за да се обезбеди успех на Украина. Војната во Украина еволуираше во пролонгирана војна на трошење што ги надминува регионалните граници. Тоа е олицетворение на пошироката амбиција на Путин да ја врати руската империја, а средствата што се користат се насилни, пишува Марија Авдеева во анализата  „Агресивните амбиции на Путин ескалираат: Што мора да направи Европа?“

 

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиВојна во УкраинаизјавиконфликтиСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ