• Latest

24 ЧАСА: Трамп вети „златна доба“, надежи и стравови; Со што ќе се врати владината делегација од САД; Хрватска не е надвор од Балканот

January 21, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Трамп вети „златна доба“, надежи и стравови; Со што ќе се врати владината делегација од САД; Хрватска не е надвор од Балканот

January 21, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Трамп потпиша серија извршни решенија откако положи заклетва, отповикувајќи 78 од политиките на Бајден

Првиот ден откако стапи на функција, претседателот Доналд Трамп потпиша серија извршни дејствија, отповикувајќи 78 од политиките на Џо Бајден, неколку часа по враќањето во Белата куќа.

Како што пренесува Си-ен-ен, 47-от американски претседател нареди да се запре имиграцијата и ги повлече САД од Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација.

Дополнително, Трамп помилува околу 1.500 лица обвинети за нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година и им ги ублажи казните на водачите на „Гордите момчиња и чувари на заклетвата“, кои беа осудени за бунтовнички заговор.

Исто така, Трамп потпиша извршна акција која го одложи спроведувањето на забраната за TikTok за 75 дена. Законот му дава на претседателот широка дискреција за тоа како да ја спроведе забраната за видео апликацијата во кинеска сопственост.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бојан Маричиќ: Треба да ги преточиме емоциите на луѓето во акциja што ќе се спротивстави на крајно десничарскиот национализам

„Мислам дека не можеме да го решиме предизвикот ако не одиме до коренот. Коренот е во тоа како политичарите, како мејнстрим политичките партии и како институциите се справуваат, односно ги третираат емоциите на луѓето. Бидејќи очигледно политиката, не само на Балканот, туку и во ЕУ, се однесува на емоции. Не се работи само за планови, не се работи само за закони, не се работи само за програми, туку се работи и за емоции. И мислам дека подемот на радикалниот национализам, десничарскиот национализам во Северна Македонија, особено, беше резултат на некои неадресирани емоции на повеќето македонски граѓани кои се чувствуваа, на некој начин, разочарани, на некој начин, изиграни од Европската унија и од страна на делови од владата, рече Бојан Маричиќ, граѓански активист, експерт за ЕУ нтеграции, право и политика, поранешен вицепремиер за европски прашања и министер за правда, Северна Македонија на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“, на Конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“, 12 декември 2024 година Скопје.

РЕГИОН

Вучиќ од Давос најави дека до 2027 година ќе донесе летечки автомобили во Србија

Додека Србија се соочува со протести и нефункционирање на дел од образованието, српскиот претседател Александар Вучиќ се наоѓа во Давос на Светскиот економски форум. Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави синоќа во Давос претседателот Александар Вучиќ, наведувајќи дека за тоа разговарал со претставници на компанијата Арчер на Светскиот економски форум, пренесуваат српските медиуми.

СВЕТ

Мексиканскиот пограничен град прогласи вонредна состојба пред потенцијалните масовни депортации на Трамп

Засолништата за мигранти во Тихуана – лоцирани преку границата од Сан Диего, Калифорнија – се подготвуваат за можен пораст на приливот на мигранти доколку американскиот претседател Доналд Трамп го спроведе својот план за масовна депортација.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за посетата на пола Влада во Вашингтон?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Доналд Трамп, новиот американски претседател, ја започна културната војна во својата земја и отвори нова ера на несигурност во светот. Патот му го истапка подемот на авторитаризмот и популизмот, но и неуспесите и нерешителноста на демократските сили во клучни моменти.

Започна ера, која Трамп ја нарече „златна“ за Америка.

Демократијата, еднаквоста, човековите права, соработката меѓу државите во светот, војната и мирот – од денеска ќе зависат од визиите и дефинициите на Трамп, неговиот тим и милијардерите кои претежно доаѓаат од сферата на високата технологија и комуникациите“, пишува Џабир Дерала во колумната „Добредојдовте во „златната ера““.

*

„Всушност, Мицкоски, најверојатнo најмногу што можел да добие за парите што ги платаил на ПР агенцијата која го поканила, било место во ложата во Капитал Оне Арена, каде беа собрани поддржувачите на Трамп за да го следат преносот од инаугурацијата на големите екрани во арената.

Значи нашиот премиер, и министерот за надворешни, не ја следеа инаугурацијата во друштво на светски лидери, и видни личности, туку заедно со најтврдокорните поддржувачи на Tрамп“, пишува Драган Мишев во колумната „Ин а УГУРАција: Од каде и во какво друштво Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Трамп“.

*

„Премиерот Мицкоски ја следел инигурацијата на Трамп од, замислете, ВИП ложа. Тоа ти е практично како на пример, кај нас настанот да е официлајно во Влада, а тој да го следи на ТВ од вип ложата од салата „Борис Трајковски“. ПР службите се обидеоа да нè убедат дека премиерот Мицкоски е најбитниот премиер во регионот, оти бил единствениот премиер од регионот итн. Нормално дека вистински лидери нема да се брукаат да седат во исто друштво со најтврдокорните поддржувачи на Трамп, па макар и да имаат вип седиште и пијалок во пластична чашка. А уште помалку да ги трошат парите на граѓан(к)ите за неефективни патувања“, пишува Дехран Муратов во колумната „Поголеми Американци од Американците“.

*

Додека нашиот премиер се обидува да го заборавиме ловот на недолжна и заштитена мечка од страна на својот локален финкционер, за да не му побара оставка, во Загреб вицепремиер мораше да поднесе оставка веднаш по објавување на видео снимка за неговото стрелање со пиштол од отворен прозорец од автомобил во движење. По се друго Балкан си е Балкан, и во Макдонија и во Хрватска, пишува Љубомир Костовски во анализата „Случајот на министерот Дабро: Хрватска не е надвор од Балканот“.

*

„Човекот сам си кажа каде мисли да ја води Америка. Иронично, го нарекуваат „претседателот на САД“, а неговото богатство што се проценува дека ќе достигне еден трилион долари најдоцна до 2027 година, му овозможува и да изгледа така. 

Илон Маск, чиј поздрав во наци стил од сцената во Арената Капитол 1 предизвика критики и згрозување од целиот свет, на својата платформа каде што има повеќе од 213 милиони следбеници во моментов, напиша дека „Америка оди на Марс“, и залепи краток видео клип каде што се гледа дека е многу среќен“, пишува Џабир Дерала во колумната „Америка оди на Марс“.

Д. Муратов

фото: Иванка Трамп, X

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ