• Latest

24 ЧАСА: Уапсен ексдиректорот на државни патишта, Ејуп Рустеми; Мицкоски е подготвен за предвремени избори; Вучиќ ќе формира Национално движење за народот и државата

March 25, 2025

24 ЧАСА: Обвинети три лица за дивите депонии во „Вардариште“; за Сикорски тврдењето за украинска провокација е руска пропаганда; некои македонски медиуми премолчуваат дека руски дроновите упаднаа во Полска; бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

24 ЧАСА: Уапсен ексдиректорот на државни патишта, Ејуп Рустеми; Мицкоски е подготвен за предвремени избори; Вучиќ ќе формира Национално движење за народот и државата

March 25, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Уапсен поранешниот директор на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми и четири други лица

Против пет физички и едно правно лице е поднесена кривична пријава за злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни рампи на Јавното претпријатие за државни патишта. Меѓу лицата против кои е поднесена кривичната пријава е и поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

– Кривичната пријава е поднесена против Џ.Б. (54) од Кичево, Е.Р. (56) од Тетово, Е.Љ. (61) од Тетово, М.Б.  (48) од Скопје и Д.З. (39) од  Тетово и против правен субјект од Кичево. Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик, додека за останатите четворица – тогашен директор на претпријатието, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата, се води постапка за кривични дела кои опфаќаат злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи и од Државното јавно обвинителство.

Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 08.08.2022 година со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување 24/7 на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена, а фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување за целиот период на договорот се до неговото раскинување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори, но доколку се согласат, ние сме секогаш подготвени за избори“, порача денеска премиерот, Христијан Мицкоски.

РЕГИОН

Вучиќ ќе формира Национално движење за народот и државата во кое се добредојдени сите српски патриоти; Движењето за едни е потреба од обединување на патриотите, за други е само уште една форма на манипулација официјален Белград

СВЕТ

СКАНДАЛ: Највисоки членови на кабинетот на Трамп во групен чат испратиле пораки до новинар за детални оперативни планови

Американските власти реагираа во шок на откритијата во магазинот „Атлантик“ дека највисоките членови на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп испратиле детални оперативни планови и други, најверојатно, високо доверливи информации за американските воени напади врз Јемен до групна нишка на апликација за пораки на која случајно бил додаден репортер.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за „распустот“ што си го даде Собранието?

 

АЛ-ПРЕС

Здружението на новинари во Албанија го испраќаат случајот „ТикТок“ до Уставниот суд поради создавање опасен преседан и нарушување на слободата на изразување

ДЕЗИНФОРМАЦИИ / ГОВОР НА ОМРАЗА

Фијаско на провладините медиуми: Фатени во лага, во паника бришат постови и спинуваат

„Неформална“ група провладини медиуми вчера побрзаа да објават дека на протестот на иницијативата “Кој е следен” за 59-те жртви од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ имало далеку помала масовност од најавуваната (+инфо); само неколку стотини луѓе се појавија (Лидер); народот ги свати (со В наместо сфати, можеби од брзање, а не поради недоволна писменост н.з.) обидите за злоупотреба на трагедијата, околу 300 луѓе на вечерашниот протест на плоштад (Курир); само стотици граѓани излегоа на марш, препознаени политичките игри за злоупотреба на несреќата (Република).

Ден потоа, откако беа демантирани од видеата споделувани на независни медиуми и социјалните мрежи на кои се гледа учество на илјадници граѓанки и граѓани. Слеани во река од народ како се движат по маршутата од плоштад кон Влада, дел од нив пробаа да ги сокријат објавените дезинформации, бришејќи го објавите, но трагот остана.

Директорот на ФК Вардар, Неделковски посака смрта на најблиските на тие што протестираат за правда за трагедијата во Кочани

Извршниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Миленко Неделковски, посакува смрт на најмилите на тие што протестираат барајќи правда за загинатите и повредените во пожарот во Кочани.

„Да даде Господ на смртта на најмилите на денешниве што протестираа, некои други да злоупотребат и да протестираат. За да видат како е“, пишува меѓу другото Неделковски на својот Фејсбук профил на 24 март 2025, по масовниот протест во Скопје.

Неделковски, во неколку статуси шири дезинформации и го клевети претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, но во последниот статус каде што го спомнува Дерала, се надминал себеси. Лагите на Миленко, верувале или не, одат до таму дека „долга била раката на Џабир“ дека ја контролира навивачката група Комити за пред избори да скандираат против владата, премиерот и ВМРО. Ваква глупост не може да смисли ниту една пропагандна машинерија, или пак може… Ова е навреда за неговите следбеници кои можеби смета дека имаат многу низок капацитет на мозокот и може да им протне секаква лага.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Мачно беше да се гледаат сцените во кои цел еден премиер избувнува и се заканува дека ќе влегува по домови и за уши ќе ги вади „одговорните“ со вкалкулирано (а сосема непотребно) вперување на прстот (и) кон Албанците (знаеме како се развиваат наративите после такви изјави). Па божем, тој го разбира гневот, но не можел да ги оправда „оние политички глодари и лешинари кои не сакаат силна влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава“. Празно, несоодветно, непотребно, бесмислено. Ништо тој не разбира и веќе ништо не е повикан да оправда или да не оправда. Сите усилби на неговото послушно медиумско-пропагандно стадо не помогнаа да се скрие голотијата на стравот од одговорноста“, пушува Џабир Дерала во колумната „Добредојдовте во свињарникот на пропагандата“!

*

„Значи, Болјарите од Собранието си дадоа распуст, втора недела по ред, вадејќи се на трагедијата во Кочани, и замислете, притоа ги земале предвид чувствата на сите граѓани, изразувајќи почит кон сите загинати“… А сите граѓани, односно обичната раја, чии чувства собраниските Болјари ги земале предвид, ќе си р’мба и во денови на жалост, и по деновите на жалост, ќе тагува, ќе голта солзи, и ќе р’мба. Раја.

А јас па наивен, помислив дека седницата ја закажале за да се договорат, по примерот на некои бугарски пратеници, да издвојат дел од скромната им платичка како донација за настраданите во пожарот во кочанската “дискотека“, пишува Драган Мишев во колумната „Ожалостените“ пратеници на распуст, рајата нека р’мба.

*

„Не се знае дали Стоилковиќ присуствувал на комеморацијата во својство на вицепермиер на Владата на Република Северна Македонија, или како министер за Односи меѓу заедниците, што во двата случаи би значело дека ја претставува и Владата, како и сите граѓани на земјата во која тој делува како висок политичар, и му е доделена позиција на власт. Но, очигледно е дека за него татковина е друга земја, и секако, дека дејствува (не за прв пат и тоа е познато) во спротивна насока од доделената политичка задача.

А можеби е испратен по должност, да му се најде на „брат Вучиќ и братучед Додик“ како поддршка од Северна Македонија, веројатно поканет од таму, за што исто така не се знае, ако е поканет, дали во својство на вицепремиер и министер, или како водач на Демократската партија на Србите во Македонија?

Како и да е…“, пишува Дијана Тахири во коментарот „Кого претставуваше вицепремиерот Стоилковиќ, рамо до рамо со Додик и Вучиќ на комеморација за бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија?“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ