• Latest

Дерала: Привилегиите мора да се укинат, Уставот е јасен, во еднаквоста нема ретроактивност

September 20, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Дерала: Привилегиите мора да се укинат, Уставот е јасен, во еднаквоста нема ретроактивност

„Ние сме во поддршка на Уставот и тој е многу јасен, недвосмислен и прецизно одредува дека сите сме еднакви, во еднаквоста нема ретроактивности или некоја друга правна флоскула од која се кријат политичарите а и оние правници кои нив ги поддржуваат“, вели тој.

September 20, 2019 11:43
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За петицијата #КрајЗаРасипништвото што ја поведоа ЦИВИЛ и група граѓанки и граѓани за укинување или драстично намалување на привилегиите, недостигаат уште околу 50 потписи, по што ќе се затвори петицијата и ќе се продолжи со следните активности.

„Забележавме дека и Владата се обидува да стави некои рестрикции, да ги намали бенефициите, да ги намали привилегиите на функционерите, на избраните и на именуваните, но сметаме дека тоа одалеку не е доволно. Во Парламентот имаше некои одгласи, меѓутоа исто така е недоволно. Претседателот на државата даде една јасна порака во која ја поддржа иницијативата и сметаме дека тоа е еден чекор повеќе и дека она што треба да следува во наредниот период е ние како граѓански организации да извршиме сериозен притисок за привилегиите да бидат укинат. Бидејќи во оваа сиромашна земја имате привилегии какви што ги немаат ниту најбогатите земји во светот“, изјави Џабир Дерала.

Тој додаде дека ќе се изврши сериозен притисок во јавноста, но и дека ќе се преземат активности во рамките на законите и Уставот, со иницијативи, одредени законски мерки и ќе стигне до Парламентот.

Во однос на иницијативата на ДКСК да се раскине договорот за закуп кој се однесува на двајцата поранешни претседатели, Црвенковски и Иванов, Дерала вели дека ДКСК има одлична иницијатива и дека нивните гледишта во голем дел се идентични со ставовите на ЦИВИЛ.

„Владата може да донесе одредени мерки, може да направи многу во овој поглед, меѓутоа на крајот јас сум убеден дека всушност законодавниот дом треба да го даде својот последен збор. И поради тоа сметаме дека законодавниот дом, пратеничките и пратениците, без оглед на тоа од која партија доаѓаат, мораат да најдат доблест, еден морален интегритет и навистина да му стават крај на расипништвото. Исто така одредена улога има и Уставниот суд, односно ние сметаме дека е исправна препораката на ДКСК да се преиспита законитоста на Законот за привилегии на Претседателот“, додаде Дерала.

Тој вели дека трошоците кои ги имаат привилегираните функционери по завршувањето на нивните мандати е само уште еден непродуктивен трошок.

„И законот за СОЗР е во спротивност со овој закон за привилегии, а и самиот закон е противуставен бидејќи според член 9 од Уставот на РСМ сите сме еднакви. Ние сме во поддршка на Уставот и тој е многу јасен, недвосмислен и прецизно одредува дека сите сме еднакви, во еднаквоста нема ретроактивности или некоја друга правна флоскула од која се кријат политичарите а и оние правници кои нив ги поддржуваат“, вели тој.

Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
фотографија: Маја Ивановска

 


ОНЛАЈН ПЕТИЦИЈА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

 

ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:

Ивановска: Привилегиите се политичка корупција! (3)

Рентата на раскалашениот Хорхе

Кај Иванов се потрошиле 8 илјади евра само на кафиња, сокови и води

Дерала: Мора да се стави крај на расипништвото на функционерите

Дерала: Пораката е едноставна – крај на расипништвото!

Онлајн петиција на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите

 

Share388TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ