• Latest

Јавен повик: Отворени над 180 позиции за набљудувачи во проектот „Напред!“ на ЦИВИЛ

February 23, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Јавен повик: Отворени над 180 позиции за набљудувачи во проектот „Напред!“ на ЦИВИЛ

February 23, 2016 10:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода објавува Јавен повик до граѓанките и граѓаните на Македонија за пријавување за позиции во проектот за изборен мониторинг – „Напред!“. Без оглед на тоа во кој термин ќе се одржат изборите, во наредните две недели ќе бидат селектирани над 180 кандидати за различни позиции во проектот „Напред!“. За селектираните кандидати, ќе се обезбеди обука од врвни познавачи на изборното набљудување од составот на ЦИВИЛ и ГОНГ (Хрватска).

Проектот предвидува учество на 14 долгорочни набљудувачи (регионални координатори) и 14 асистенти на координаторите кои ќе бидат активно вклучени во проектот 60 дена пред денот на изборите, 150 краткорочни набљудувачи (на денот на гласање) и мобилни тимови за мониторинг и поддршка.

Forward logo MK-AL-EN 01 (1)Апликации за регионални координатори ќе бидат прифатени од жители на: Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Гевгелија, Струмица, Штип, Кавадарци и Кочани. Сите останати позиции можат да бидат пополнети со кандидати од сите општини во Македонија. Апликациите треба да пристигнат најдоцна до 10 март.

Апликантите треба да испратат кратка биографија, мотивациско писмо и фотографија на monitor@civil.mk. Дополнителни информации може да се најдат на www.civil.org.mk или Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Заинтересираните може да се јават и на телефоните: 02 / 520 91 76 или 075 / 565 830 од 09-17 часот секој работен ден.

Посветеноста, одговорноста и објективноста се императив за сите учесници во овој проект!

Придржувањето кон овие принципи мора да биде бескомпромисно и целосно.

Секој кандидат за набљудувач во рамките на проектот „Напред!“ треба да потпише изјава дека не е партиски функционер, активист на политичка партија или независен кандидат, ниту член на тело за спроведување на изборите. Набљудувач на ЦИВИЛ не може истовремено да биде набљудувач на друга акредитирана организација која спроведува изборен мониторинг.

Набљудувачите ќе ги доставуваат информациите и извештаите само до проектниот тим на ЦИВИЛ и нема да го споделуваат тој материјал со никој друг.

Квалификациите и стручната подготовка на кандидатите за учество во набљудувачкиот тим на ЦИВИЛ имаат влијание, но немаат пресудна улога. Најважни се човечките квалитети на кандидатите, нивната посветеност и почитувањето на принципите на непристрасност и објективност.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: гласачко правоизборимониторингНапред!Цивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    • ЗА НАС
    • ИМПРЕСУМ
    • КОНТАКТ
    • АВТОРСКИ ПРАВА
    • Политика на приватност
    • МАРКЕТИНГ

    Следете нè

    No Result
    View All Result
    • ДОМА
    • ВЕСТИ
    • ПОЛИТИКА
    • СЛОБОДНА ЗОНА
    • АНАЛИЗИ
    • РЕГИОН
    • СВЕТ
    • ВОЈНА ВО УКРАИНА
    • ДЕЗИНФО
    • ФОРУМ
    • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
    • МАРКЕТИНГ
    • ИМПРЕСУМ