• Latest

Да го (по)кажеме она што ни лежи на срце!

March 9, 2016
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да го (по)кажеме она што ни лежи на срце!

March 9, 2016 13:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зафатени од моменталната политичка, бегалска, социјално-економска криза, веќе не знаеме на која конкретно, да и обрнеме внимание. Па, си реков, ајде да ги подредам по важност. Пред некое време бев на интервју за работа и работодавачот ме праша која од следниве три работи ми е најбитна: пари, кариера и професионално работење или добра работна атмосфера?

Пишува: Димитрија Аранѓеловски
Пишува: Димитрија Аранѓеловски

Мојот одговор, како од пушка, беше – добра работна атмосфера, затоа што со таква атмосфера следува и желбата за градење кариера, а на крајот, од сите тие позитивни аспекти, и парите си доаѓаат. Па, така, на пример, јас на чело би ја ставил политичката криза и решавањето на сите компликации со отстранување на криминалците. Потоа, од наученото, наредните на власт, ќе знаат дека многу лесно може истото да им се случи доколку ги полнат сопствените џебови, а воедно, не ја подобруваат економско-социјалната состојба. За на крај, откако ќе си ги решиме сопствените проблеми и ќе имаме стабилни лидери, да можеме да се справуваме и со надворешните фактори и проблемите кои произлегуваат оттаму. Затоа што моменталнава состојба изгледа како една типична домашно-семејна криза, во која сопругата ве изневерува и вашите пари ги троши за непродуктивни цели, во исто време, поради финансиската криза не можете детето да го нахраните, а некој однадвор, кој е во поинаков вид на криза, ве моли да му го решите проблемот, да преспие кај вас, да го нахраните…

Е сега, да не должам многу, поентата на моево, прво обраќање до јавноста, е следната: Денес и малите деца знаат дека сме во криза, секој човек, млад и стар со кого ќе поразговарам на тема политика, ги обвинува актуелните власти, знае за криминалите, се справува со тежок економско-социјален проблем во домот, а никој не презема ништо!

На пример, додека бевме деца, на мене и на моите другари, главна цел ни беше со еден жетон да го поминеме дотогашниот „главен“ на флипери, а денешниве деца од малечки се учат на етнички поделби и навреди И сите знаеме од каде произлегува сето тоа, ама си молчиме… Па, јас кога имав 12 години, играјќи фудбал, делев исто шише вода со моите другари Македонци, Албанци, Роми, Босанци… Денешниве деца не можат да ја поделат едната, иста територија и да живеат на неа. Како во игра со божемни криминалци, си ги делат „територите“, едната на зелените, другата на жолтите… И, за сето тоа, не се виновни децата или младите, сите знаеме кои се виновниците.

Чекорот што треба да го преземеме е сите да се изјасниме, да го кажеме своето мислење, она што ни лежи на срце. Никој не нé тера да одиме по улица и да скандираме, ниту да се појавиме на телевизија, или да напишеме колумна во весник… Едноставно, нашето мислење можеме да го искажеме на изборите, на кои имаме легитимно право – да го дадеме тајно својот глас. Многумина ќе речат – ова е пропаганда, овој текст е убедување да се гласа за некого. Не. Кој за кого сака и за кого мисли – нека гласа, но гласајте луѓе, во наши раце е сé.

Јас познавам стотици луѓе кои знаат што се случува, свесни се за секоја ситуација, знаат како треба, а ништо не преземаат. Зошто? Најиритирачкиот коментар ми е: „Јас не се замарам со политика!“. А секој втор збор што ќе го изустат е за политика и за тоа како нешто не им се допаѓа. Во ред, ако е така, преземете и променете нешто, колку што можете. Колкумина наши сограѓани – не излегуваат на гласање, а потоа, во текот на мандатот на оние за кои не гласале – ништо не им чини. Главната причина која ја даваат е дека нема избор, демек, и едните и другите биле за никаде.

Но, нашата моментална ситуација е 10 години криминално владеење. Во секоја нормална земја и при нормално владеење, луѓето ги менуваат партиите на власт, чисто заради мотивирање на едните или на другите, постојано да се подобруваат, да им дадат до знаење дека народот е тој што одлучува кој ќе го води, кога сака и како сака. Знам дека огромен дел од популацијата во Македонија е свесна за сé, знае за што зборувам, може да одлучи и да промени нешто, и да донесе подобра иднина за Македонија.

Затоа, еднаш-засекогаш, нека замолчат тие што велат дека не се „замараат“ со политика и не се бунтуваат против никого и ништо. Не е поентата сите да сме обземени само со политика, но кога е во прашање – нож под грло, тогаш секој свесен и разумен човек, треба да придонесе за подобра иднина за себе, за своето семејство и воедно, за целата држава. Бидејќи државата сме ние, народот, граѓаните и нашите потези кои ги правиме. Државата не е само едно парче територија, жива е додека е жив народот, нејзиното срце тропа во ритамот на срцата на сите граѓани! А, во Македонија, тие си заминуваат веќе одамна.  Тие што се сé уште тука, остануваат да дишат на апарати, задушени од постапките на неколкутемина политичари, кои се бесчувствителни за маките, очајот и горкиот живот на своите сограѓани.

(Авторот е апсолвент на Економскиот факултет при УКИМ)
Tags: колумнакризаМакедонијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ