„Национализмот е деструктивна појава која на човекот му го ограничува видикот, размислувањето, менталитетот… и по инерција го води кон тоа на „поинаквиот“ да му нанесе неправда или насилие, едноставно да доминира врз него.
Зошто? За да си ги оствари своите цели, и воопшто не му е грижа за тој „поинаквиот“ кој не го зборува неговиот јазик, или не ги познава неговите традиции, или не ги почитува неговите обичаи… Како ти сега да имаш и да градиш некаково чувство на патриотизам, да чувствуваш некаква лојалност или љубов кон земјава кога знаеш дека целава оваа работа е узурпирана од личности кои воопшто не водат сметка како ќе се одвиваат работите и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца“.
Хусеин Адеми
Адеми: Неретко национализмот се крие зад религијата, тоа мора да се искорени
16 август 2018 година