• Latest

Услови за избори на 5 јуни нема, учеството на албанската опозиција дискутабилно

April 7, 2016

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Услови за избори на 5 јуни нема, учеството на албанската опозиција дискутабилно

April 7, 2016 13:18
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По распуштањето на Собранието на Република Македонија и “бетонирањето” на денот на изборите на 5 јуни, сите албански опозициски партии остануваат на ставот дека условите за слободни избори не се дури ни од блиску исполнети. Во однос на учеството на изборите, повеќето од овие партии имаат негативен став, а некои од нив ќе го соопштат својот конечен став за учество на изборите во текот на оваа недела.

Новоформираната партија „Унитети“ (Единство) на Гзим Острени и пратеникот Зулфи Адили со став: “Нема да легитимираме украдени избори.” Во соопштението на партијата се вели дека по одлуката за распуштање на парламентот и за избори на 5 јуни без исполнување на клучните точки од Договорот од Пржино: прочистен Избирачки список, реформи во медиумите и одделување на партијата од државата, партијата Унитети јасно изјавува дека нема учествува на такви избори, затоа што така би легитимирала украдени изборите од партиите на власт. “Овој став партијата го претстави и на својот Прв конгрес. Унитети ќе инсистира, со помош на меѓународниот фактор и на секој домашен субјект кој има за цел да ја врати демократијата во земјата, да се создадат услови за одржување на избори, на кои гласот на граѓанинот ќе биде неприкосновен и полноправен”, се вели во соопштението на партијата.

Зулфи Адили
Зулфи Адили

И Националната демократска преродба во својата изјава со решителна позиција. “Националната демократска преродба во континуитет има цврст став во врска со организирањето на парламентарните избори, дека избори може да има само по решавањето на важните прашања во земјата и затоа, оваа максима останува неменлива и по едностраното распуштање на парламентот вчеравечер. Национална демократска преродба нема да учествува на изборите на 5 јуни, се додека најпрвин не се понудат решенија за нормално функционирање на државата “, се истакнува во соопштението на НДП.

Зијадин Села
Зијадин Села

Според претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села, партијата што ја води никогаш не оценила дека има услови за слободни избори. Тој информира дека набрзо, ДР – ДПА ќе се произнесе за ситуацијата создадена по распуштањето на Собранието. “Наскоро ќе излеземе на прес-конференција со нашиот став, секако во текот на неделава”, рече во телефонски разговор за ЦИВИЛ Медиа претседателот на ДР – ДПА, Зијадин Села.

Билал Касами
Билал Касами

Во став објавен на неговата страница на Фејсбук, распаѓањето и изборите ги коментираше и лидерот на Движењето Беса, Билал Касами. “Сметам дека во Македонија не постојат услови за слободни, фер и демократски избори, додека за учеството или не на изборите на 5 јуни на Движењето Беса ќе одлучува Генералниот совет на движењето. За нас, како Движење Беса, најважно од се е исполнувањето на предусловите за еден коректен изборен процес. Како претседател на Движењето Беса, сметам дека не можеме да одиме на избори на кои се легитимира маинпулирањето, на кои повторно се избираат криминалци и на кои се гази демократската волја на граѓаните на Република Македонија “, подвлече Билал Касами, претседател на Движењето Беса. Според претставници на оваа партија, се очекува Советот да се состане и да донесе одлука во текот на оваа недела.

Петрит Сарачини

Tags: Белал КасамиБесаЗијадин СелаЗулфи АдилиизбориМакедонијаПетрит СарачиниУНИТЕТИЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ