• Latest

Делегација на ПС на Советот на Европа: Што поскоро да се отповика одлуката на Иванов!

April 28, 2016

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Делегација на ПС на Советот на Европа: Што поскоро да се отповика одлуката на Иванов!

April 28, 2016 11:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Парламентарното собрание на Совет на Европа, предводена од Стефан Шенах од Австрија, изминатите два дена беше во посета на Скопје, и оствари средби со претставници на политичките партии, со претседателот на Собранието, со министерот за внатрешни работи и со претставници на граѓанските организации, меѓу кои и со претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

MP-Details-ShowPicture
Стефан Шенах, Австрија

Заклучокот од нивната посета, за време на која требаше да се оценат условите за одржување на предвремени, парламентарни избори, е дека закажувањето на изборите е дел од спроведувањето на Договорот од Пржино, за кој посредуваше Европската унија, со цел – да се стави крај на политичката криза. Но, според заедничкиот став на делегацијата, медиумските реформи и релевантноста на Избирачкиот список се клучните спорни прашања во предизборниот период.

Забележано е дека политичката клима во државата значително е влошена по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, да помилува 56 лица, меѓу кои и лица кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство, кое беше основано како дел од Пржинскиот договор – токму за да ги испита сериозните обвинувања – меѓу другото, и за изборни измами – кои беа дел од противзаконски снимените разговори што ги објави опозицијата. Според делегацијата, оваа одлука предизвикала големи протести, зголемена поларизација во општеството, и сериозно ја поткопува работата на СЈО.

Делегацијата побара од македонските власти да најдат начин што поскоро да ја отповикаат одлуката на Претседателот.

Делегацијата на ПССЕ, смета дека бојкотот на изборите од СДСМ, не е конструктивен пристап, но сепак, изразува сериозна загриженост за точноста на Избирачкиот список, што е од суштинско значење за враќање на довербата во избирачкиот процес.

Забележана е и загриженоста на политичките партии за медиумското покривање на политичката кампања.

Од делегацијата барaат сите политички партии да го спроведуваат Договорот од Пржино, кој нуди излез од кризата.

Делегацијата е задоволна од начинот на кој се организираат протестите, во кои меѓу другото, учествуваат и студентски организации заедно со граѓанските, а кои не резултираат со сериозни судири, ни со полицијата ниту со контра-протестите што паралелно се одвиваат.

 

 

Tags: избирачки списокизбориМакедонијаМедиумиПржиноПССЕЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ