• Latest

ЦИВИЛ 7: Црни кампањи против невладините организации, спроведување на пописот во септември, 26 години од геноцидот во Сребреница

July 13, 2021
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ 7: Црни кампањи против невладините организации, спроведување на пописот во септември, 26 години од геноцидот во Сребреница

July 13, 2021 16:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Спроведување на пописот во септември, работилници на ЦИВИЛ во Штип и Гостивар, панел дискусија на тема „Кој и зошто организира и спроведува црни кампањи против невладините организации?“, 26 години од геноцидот во Сребреница се дел од темите на ова издание на ЦИВИЛ Седум.

 

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Кој и зошто организира и спроведува црни кампањи против невладините организации?“

Учесници на панелот беа Горан Ризаов од Фондација Метаморфозис, Кочо Андоновски, ЛГБТИ Центар при Хелсиншки комитет, Павле Богоевски од Прогрес институт, Милан Спировски од ЗНМ, Марина Шкрабало и Иван Блажевиќ од Солидарна, Република Хрватска .

Павле Богоевски на панелот на ЦИВИЛ истакна дека невладините организации се влакното во автократскиот сендвич, што поради нивната положба стануваат омилена мета на црната пропаганда.

Кочо Андоновски од ЛГБТИ центарот при Хелсиншкиот комитет на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанските организации“ вели дека нападите врз граѓанското општество се антисемитизам и дехуманизација на цели групи луѓе.

Иван Блажевиќ од Зелено-левата коалиција Солидарна од Република Хрватска во своето излагање на панелот на ЦИВИЛ истакна дека прогресивните невладини организации за време на изборниот процес се оцрнуваат дека се „странски платеници“.

Горан Ризаов од Метаморфозис, на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество“ вели дека тие имаат чувство како да се оставени сами на себе во борбата против црната пропаганда, без никаква поддршка од институциите.

Милан Спировски од Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ), на дебатата на ЦИВИЛ кажа дека на социјалните мрежи се забележуваат низа вулгарности и закани кон новинари и активисти од граѓанскиот сектор.

Марина Шкрабало од „Солидарна“, Република Хрватска, на панел дискусија на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество“ истакна дека валканата игра на црната пропаганда е тука за да остане но дека мора добро да се припремиме и заштитиме.

Џабир Дерала на панелот на ЦИВИЛ изјави дека иако македонското општество се ослободило од режимот, дел од режимските инсталации останале.  Највидлива е токму црната кампања која со различен интензитет се спроведува против граѓанското општество и тоа токму во периоди кога се одвиваат клучни настани и процеси во земјата.

Цивил спроведе работилници во Штип и Гостивар за Европските вредности и мултикултурата на локално ниво.Работилниците се дел од проектот Европски Перспективи (следно ниво). На работилницата во Штип учествуваше градоначалникот на Штип, Сашко Николов како и претставници на невладините организации.

По Штип, Тимот на Цивил се упати во Гостивар на уште една од низата работилници за Европските вредности и мултикултурата на локално ниво. Свое учество имаа градоначалникот на Општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, членови на општинскиот совет,  како и претставници на невладините организации, политички партии, медиуми и заинтерсирани граѓанки и граѓани.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Таравари, на прашањата на ЦИВИЛ за тоа колку родовата едканвост е застапена во општината, Таравари изјави дека повеќе од 50 отсто од вработените во општината се жени, вклучително и тоа дека главните сектори на општината се водени од жени.

Директорот на Државниот Завод за Статистика, Апостол Симовски изјави дека пописот ќе се одржи без повторно одложување, попишувачите ќе се однесуваат како да се во најголемиот пик на заразата, нагласувајќи дека не очекува дека пописот ќе регистрира повеќе од 1.5 милиони жители во државата.

Во својот едиторијал насловен „Највеселото“ сведоштво за еден мрачен период, Џабир Дерала пишува:

„Се сликавме со експонатите на оваа изложба, разговаравме отворено, исто како што пишувавме и говоревме сето тоа време, период кога многумина, не само што не се осмелуваа да говорат, туку и кокетираа или соработуваа со режимот. Седум години подоцна, овој извештај останува „највеселото“ сведоштво за еден мрачен период низ кој минуваше нашето општество.

Мислам дека е важно да ги зачуваме овие спомени, за да знаеме од каде доаѓаме, каде сме и каде не смееме да се вратиме. Пред нас е долг пат, зошто би се враќале?“

Новинарот Зоран Иванов во својата колумна насловена Чуму страв ако сме пиреј вели:

„Ниту име загубивме, ниту јазик, ниту идентитетот. Напротив. Го депониравме ФИРОМ во историјата како сведоштво на едни времиња,  на едни балкански сеништа што тука и таму сè уште талкаат по овие простори какви што сега се и овие со бугарските антимакедонски политики.“

Во контекст на 26 годишнината од геноцидот во Сребреница, ЦИВИЛ потсетува на репортажата на колегата, новинар и активист Дехран Муратов, кој во 2015 година присуствуваше на одбележувањето на 20 години од убиството на над осум илјади босански муслимани.

Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се погребани 6.652 жртви на геноцидот врз Бошњаците,  237 жртви се погребани на други локации, во согласност со желбите на нивните семејства, а се трага по уште илјада исчезнати жители на Сребреница.

И денеска, 26 години по геноцидот во Сребреница, сеќавањата и сведоштвата се толку блиски и реални, низ звукот на тишината и празнината во очите на преживеаните, на оние што нашле трошка мир во гробовите на своите најблиски, но и во оние што немирно лутаат низ времето барајќи ги своите исчезнати.

„Се вратив со мислите во Сребреница. Таму како да запрело времето пред 20 години. Се чувствуваа смртта, солзите, страдањата, болката… Не видов ниту една птица да пролета. Додека минувавме низ селото, се гледаа неколку парцели со гробови, но исто така и во дворовите на некои куќи имаше по 1-2 гроба. Иако помина доста време, раните сѐ уште не се излечени. Ниту може да се залечат. Собрав сила само да си кажам: „Никогаш повеќе да не се повтори Сребреница!““ вели Муратов.

Никогаш да не се повтори! Никогаш да не се заборави!

Ирена Крџиќ

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ