• Latest

Маричиќ: „Едно општество за сите“ ја смени политичката слика во државата

December 17, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Маричиќ: „Едно општество за сите“ ја смени политичката слика во државата

Концептот Едно општество за сите е политички концепт, што според мене, ја промени политичката слика на државата. Она што беше направено и на изборите во 2016-та и наваму, гледаме дека комплетно го смени однесувањето на дел од актерите, на главните актери. Имавме и на овие локални избори коалиции што не сме ги виделе претходно, предизборни коалиции помеѓу партии коишто се од различна етничка припадност, и  сметам дека е тоа една нова вредност, вели министерот за правда за ЦИВИЛ Медиа.

December 17, 2021 08:04
in ИНТЕРВЈУ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На панел – дискусијата „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, која се одржа на 15 декември 2021 како дел од годинешното издание Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, преку специјално интервју на оваа тема учествуваше и министерот за правда во Владата на Северна Македонија, Бојан Маричиќ.

Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите и предизвиците? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за 2022 година? Овие прашања им беа поставени на сите учесници на панелот, претставници на институциите и граѓанскиот сектор од неколку ресори и области.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој е воедно и дел од оперативното тело на Владата за спроведување на Стратегијата, нагласи дека самото донесување на оваа Стратегија е еден храбар чекор и сериозен исчекор на Владата, дека сака приоритетно да се занимава со ова прашање.

„Ние се сеќаваме дека во претходни фази, претходни влади го користеле прашањето на меѓуетничките, меѓукултурните и други разлики како поле за политичка битка, политички провокации, политички манипулации и инциденти кои оделе на штета на граѓаните. Донесувањето на оваа Стратегија го смени просторот и атмосферата за делување и сметам дека е тоа еден сериозно позитивен чекор“, истакна Маричиќ во интервјуто за „Перспективи 2020“.

Министерот Маричиќ смета дека Стратегијата, со оглед на околностите, годинава се спроведува со добра динамика, двете тела што ја следат нејзината имплемантација се целосно функционални во сите седум области што се покриваат и дека очекува таа да се спроведе целосно.

„Веќе сме на половина на имплементацијата на оваа стратегија. До крајот на наредната 2022 година очекуваме целосна имплементација, секако, освен таму каде што има некоја „виша сила“ и не може да се спроведе. Меѓутоа, генерално, мислам дека добро оди спроведувањето на оваа Стратегија“, оценува Маричиќ.

Тој објасни дека институциите се фокусирани и на правната рамка, и на правичната застапеност, но и на внесување поинаков дух во образованието, во културата, во односите меѓу младите, за препознавање на различностите, механизмите за надминување на конфликтите, борба против говорот на омраза, лажните вести и сè што може да придонесе за меѓуетничките и меѓукултурните тензии во општеството.

Маричиќ зборуваше и за предизвиците во однос на спроведувањето на Стретегијата.

„Пандемијата сериозно ни ги успори процесите, тоа е факт, особено во делот на јавна промоција на резултатите, но и на јавна промоција на принципите на едно и еднкаво општество за сите како и интеркултурализмот. Мислам дека ова е долгорочен процес и така треба да го гледаме, меѓутоа тоа не значи дека не треба да правиме мали чекори кои што ќе не носат до големи разултати“, вели Маричиќ.

Според него, приоритет мора да бидат образованието и културата, затоа што секогаш полесно оди спроведувањето на стратегиите во делот на измена на законите и ангажманот на институциите, а секогаш треба повеќе внимание на области што не зависат од државата и нејзиното дејствување туку и од други фактори. Вклучувањето на различни структури кои покажуваат вистинска желба за спроведување на овој концепт му даваат на Маричиќ надеж дека принципот на Едно општество за сите и интеркултурализмот ќе заживее во сите области.  Секогаш може подобро, вели тој, и тоа е предизвикот за 2022 година.

„Концептот Едно општество за сите е политички концепт, што според мене, ја промени политичката слика на државата. Она што беше направено и на изборите во 2016-та и наваму, гледаме дека комплетно го смени однесувањето на дел од актерите, на главните актери. Имавме и на овие локални избори коалиции што не сме ги виделе претходно, предизборни коалиции помеѓу партии коишто се од различна етничка припадност, и  сметам дека е тоа една нова вредност. Од друга страна, партиите што го одбиваа радикално концептот Едно општество за сите, на некој начин, во нивното политичко делување и коалициски капацитет, се соочија со тие последици“, посочи Маричиќ.

Според него, има уште многу сериозни чекори што треба општеството да ги направи.

„Тука мислам и на медиумите, тука мислам и на образовните институции, тука мислам и на културните институции, тука мислам и на политичките партии, конечно, и на секој граѓанин. Мислам дека чекорите во вистинска насока се да правиме што повеќе конкретни проекти, конкретни работи, конкретни форми на соработка, преку кои овој концепт ќе живее“,  вели Маричиќ.

Според него, овој концепт не може да заживее ако остане само на ниво на политичка идеја, која ќе се спроведува преку законите или правичната застапеност, кои се само еден сегмент од концептот, туку дека граѓаните ќе се чувствуваат многу попријатно доколку имаат можност директно да учествуваат во неговото креирање и спроведување.

„Затоа, мислам дека посветеноста на креирањето на новата Стратегија од 2023-та натаму ќе треба да биде во  координација, комуникација, консултација со поширок круг на граѓански чинители, секако и државни органи, државни институции, за да можеме да го заокружиме тој процес како општествен, не само како институционален и државен“,  смета министерот за правда Маричиќ.

Тој воедно апелираше до сите чинители активно да се ангажираат во креирањето на содржини за овој концепт и нивно спроведување.

„Само така ќе го чувствуваме сите овој концепт за свој, само така ќе дадеме придонес, само така ќе можеме и да го критикуваме таму каде што мислиме дека не е во ред или може подобро, и само така ќе оставиме едно убаво наследство за идните генерации, да можат веќе да го надградуваат тој концепт, наместо да го градат одново и да почнуваат од нула“, порачува Маричиќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа и Конференцијата „Перспективи 2022“.

 

интервјуираше: Петрит Сарачини

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ