• Latest

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, сите ние тука заслужуваме една година и да немаме избори, континуирани препораки на ЦИВИЛ за измени на Изборниот законик

February 1, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, сите ние тука заслужуваме една година и да немаме избори, континуирани препораки на ЦИВИЛ за измени на Изборниот законик

February 1, 2022 16:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, со сојузниците прилично добро ги неутрализираме активностите кои се насочени против нашата држава

На денешната седница членовите на Советот констатирале дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија,

Во однос на тензиите во регионот на Западен Балкан, Пендаровски изјави дека со ангажманот на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина тензиите се делумно намалени. За тензиите на украинско-руската граница , имајќи предвид дека дека двете држави граничат со северно атланската зона, Пендаровски рече дека Северна Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.

– Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика, изјави Пендаровски. Во таа смисла, во тој дел од светот, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму, подвлече претседателот  Пендаровски,

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

 Пендаровски: Веројатно сите ние кои живееме тука заслужуваме една година и да немаме избори.

Од 2015 година имавме постојано некакви избори, вклучително и референдумот кој е еден вид избор. Меѓутоа, тоа е апсолутно автономно право на политичките субјекти во Собранието. Постои само еден начин да предизвикате предвремени избори, односно 61 пратеник да притиснат копче и да го распуштат Собранието. Не би сакал да навлегувам во тој дел повеќе, одговори  Пендаровски запрашан за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗДРАВСТВО Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа состанок во новиот состав. Комисијата е формирана и надградена, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали. Oд Министерството за здравство проф. д-р Александар Петличковски, од Институтот за имунологија и хумана генетика е назначен за претседател на Комисијата, а д-р Злате Мехмедовиќ за нејзин портпарол.

СОРАБОТКА  Актуелните внатрешнополитички состојби во земјава и во регионот, како и можностите за соработка со Обединетото Кралство во сфери од заемен интерес биле темите на кои разговарале министерот за надворешни работи Бујар Османи и специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Стјуарт Пич, кој е во прва работна посета на нашата земја,

ЗЕЛЕНИ Да се формира Фонд за животна средина и сите пари кои се одвојуваат како еколошки такси да се наменат за поправање на штетите кои ги правиме на нашата околина и природата. Еколошките такси кои ги плаќаат граѓаните и компаниите треба да се слеваат на едно место, но и наменски да бидат потрошени, а граѓаните да имаат увид колкави средства се собрале и да добијат можност да ги почувствуваат бенефитите од нив, пренесува Мета.мк. Овие пари, кои сите ги плаќаме како дел од цената на горивото, при регистрација на возилата или пак преку принципот загадувачот плаќа, сега завршуваат во државниот буџет. Во 2020 година, над 4,6 милиони евра собрани како еколошки надоместоци, по десетина различни основи, се слеале во државната каса. Од нив, само 1,2 милиони евра завршиле на сметка на Министерството за животна средина и се искористиле за еколошки проекти.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Еден од наједноставните начини на влијание врз поширок број луѓе e глорификацијата на една држава. Позитивната глорификација може да поттикнува воодушевување, чувство на припадност и заедништво, чувство на заштитеност, секогаш присутно прибежиште, алтернатива што им стои на располагање на граѓаните и на државата… Ова е особено можно во периоди на застој во развојот или неисполнети очекувања или незадоволство од брзината со која се движат нештата, во конкретниот случај, пристапните преговори со ЕУ, pишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за правна држава и човекови права за Вистиномер. Прикажувањето на моќта на една држава може да се однесува на културната, научната или на некој друг вид моќ, меѓутоа највпечатливо е кога кореспондира со истакнувањето на воената моќ. Токму овој сегмент на можно влијание е интересен и паѓа в очи кога се прави анализа на влијанието што го има Русија во Република Северна Македонија.

ОДГОВОРНОСТ На денешната прес-конференција на СДСМ,  портпаролка на СДСМ Богданка Кузеска го посочи претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека си поигрува со здравјето на граѓаните и крши протоколи во време кога повторно има поголем број активни случаи од Ковид 19, кога лекарите и медицинскиот персонал не можат да здивнат поради состојбата со вирусот.

Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија. Неговата ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а тој попладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните. Нема ништо искрено во оваа партија, нема чесна намера ниту кон учениците ниту кон родителите ниту кон граѓаните, рече Кузеска.

ИНТЕГРАЦИИ Се обидуваме да олесниме во отстранувањето на кои било тешкотии што постојат во моментов поради бугарското вето за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис за време на Комисијата за европски прашања во грчкиот Парламент, но и паралелно посочи дека европската перспектива на земјава не е „неповратен тек“ и секаква евентуална промена на позицијата за Договорот од Преспа од наша, ќе значи и промена од грчка страна.

ОБРАЗОВАНИЕ Наставата во домашни услови, односно во услови на пандемија им отвори нови „прозорци“ на родителите на учениците во однос на содржините во учебниците. Родова дискриминација и стереотипи, говор на омраза, несоодветна родова застапеност, задржување на застарени наставни модели и наративи, говорот на омраза, контрадикторноста на наставните содржини, како предизвик и за учениците од основното и средното образование, како и справувањето на родителите и пронаоѓање начини како овие аномалии да им се објаснат на децата, и уште поголемиот предизвик – како да се деконтаминираат наставните содржини, се тема на емисијата 25minuti на platform.mk.

ИЗБОРИ

Една изборна единица со отворени листи дел од континуираните препораки на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик

ЦИВИЛ како организација што будно и во континуитет ги следи изборните процеси, имаше активно учество во работната група за измени во Изборниот законик.  Дел од препораките на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик се однесувата токму на темата која разни политички чинители ја актуелизираа деновиве: Една изборна единица – Воведување на отворени листи , што се во контекст на останатите измени кои ги препорачува Цивил :  Реформи на ДИК, вклучително и на структурата на институцијата – Овластени лица за поднесување на приговори да бидат и релевантни домашни организации кои спроведуваат мониторинг на изборните процеси – Прочистување на Избирачкиот список – Продолжување на рокот за обуки и едукација, како и избор на членови на ОИК и ИО, во случаи кога се работи за редовни изборни циклуси – Регулирање на периодот од распишување на изборите до официјалниот старт на изборната кампања, кога учесниците во изборните процеси наоѓаат начини да го заобиколат законот и да започнат со предвремени изборни кампањи долго пред законски предвидената рамка – Промени во начинот, динамиката и обемот на кампањите за едукација на гласачите .

Сите овие препораки за измени на Изборниот законик се објавени во Публикацијата на Цивил  „Локални избори 2021: Научени лекции“

СЛОБОДНА ЗОНА

Но, дилемите на овие опозиционери не враќаат во времето на постоењето на СССР. Варшавскиот пакт и случаите на воена интервенција во земјите на „сопствениот двор“ (ГДР – 1953 г., Унгарија – 1956 г. и Чехословачка- 1968 г.). По воената интервенција во тогашен ЧССР во август 1968 година, првиот човек на Источниот блок во било која смисла – Леонид Брежњев, говорел дека воените интервенции го чуваат единството во социјалистичкиот лагер. Во формален смисол тој термин го воведуваат „кремљолозите“ во Вашингтон, но и извесен теоретичар  С. Коваљев кој пишува уводник за московска „Правда“ на 26 септември 1968 (едем месец по интервенцијата во Чехословачка) под наслов „Суверенитетот и интернационалистичките обврски на социјалистичките земји“. Во текстот авторот заклучува дека според марксистичкото сфаќање, правните норми и меѓусебните обврски на социјалистичките земји не можат да се толкуваат „тесно формално“ (денес би се рекло: потребно е „креативно толкување“), надвор од општиот контекст на класата. борба и меѓународни односи. Дури потоа, во својот говор на Петтиот конгрес на Полската обединета работничка партија на 12 ноември 1968 година, Брежњев, истакнува: „Но, познато е дека постојат и општи закони на социјалистичката конструкција, од кои отстапувањето може да доведе до отстапување од социјализмот како таков. И кога внатрешните и надворешните непријателски сили на социјализмот се обидуваат да го свртат развојот на една социјалистичка земја во насока на враќање на капиталистичкиот поредок, кога постои опасност за социјализмот во таа земја, опасност за безбедноста на целата социјалистичка заедница – тогаш тоа веќе не е проблем само на конкретната социјалистичка земја“., пишува  Љубомир Костовски во колумната „Белорусија полна со руски трупи, се враќа ли Советскиот сојуз на голема врата?“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ