• Latest

Додека светот говори за геноцид, Русија обвинува за дезинформации за Украина

April 4, 2022

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Додека светот говори за геноцид, Русија обвинува за дезинформации за Украина

April 4, 2022 15:07
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Светот е сведок за се повеќе докази за ужасните дејствија на руските сили во градовите како Ирпин и Буча (Украина),  што се гледаат на објавените  фотографии и снимки од трупови на улиците, на кои јасно се забележуваат ужасни глетки од убиени цивили со врзани раце зад грб и со бели ленти на рацете за да се означат како цивили. Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, на 2 април изјави дека околу 300 локални цивили биле застрелани за време кога градот бил окупиран од руските сили. Околу 280 тела биле фрлени во масовна гробница, додека останатите биле оставени на улица.

Меѓународната заедница шокирана од сликите од Буча бара независна истрага, а Националниот Синдикат на новинари на Украина упати апел  до странските новинари.

„Најновите застрашувачки фото-факти од ослободените украински градови Буча и Ирпин покажуваат дека во моментов се случуваат злосторства против човештвото. Руските трупи во Украина не само што се борат против вооружените сили на Украина, туку и практикуваат тортура, егзекуции, па дури и палење цивили. Ова е вистински геноцид врз украинскиот народ и се случува токму сега, во 21 век! Мораме да го запреме ова заедно и никогаш да не дозволиме да се повтори каде и да може да се случи“, апелираат од Националниот Синдикат на новинари на Украина.

Меѓународниот кривичен суд претходно отвори истрага за наводните за воени злосторства извршени од руските сили во Украина, а од невладината Хјуман рајтс воч забележале неколку наводи за силување, два случаи на егзекуции во кои имало седум жртви, како и други случаи на закани и насилство врз цивили.

Во меѓувреме, Руските власти негираат дека биле убиени цивили во Буча. Руското Министерство за одбрана тврди дека ужасните сцени во Буча биле лажирани од украинските сили како „провокација“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли извештаите за „лажен напад“ во Буча и рече дека Русија бара „итна средба на Советот за безбедност за ова конкретно прашање, бидејќи таквите провокации ги гледаме како директна закана за меѓународниот мир и безбедност.”

И портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова ги отфрла наводите и ги нарекува провокации.

„Денес Русија повторно ќе бара Советот за безбедност на ОН да се состане во врска со криминалните провокации на украинските војници и радикали во овој град“, напиша Захарова на нејзиниот канал Телеграм.

– Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа.

Таа вели дека моменталното врескање на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува на тоа дека приказната била дел од планот за нанесување штета на угледот на Русија.

Според светски медиуми, руските војници обвинети за масакрирање на невооружени цивили во Буча и на други места во Украина веројатно никогаш нема да бидат изведени пред лицето на правдата.

Но, и покрај ужасните слики и илјадниците руски војници убиени на бојното поле, новата анкета во Русија покажува дека рејтингот на Путин се зголемил на 83% од почетокот на инвазијата.

Додека илјадници беа уапсени за протестирање против војната во Украина во руските градови во текот на минатиот месец, многу Руси целосно се потпираат на државните новински организации во земјата за нивните информации. Тие медиуми ја прикажуваат само верзијата на Кремљ за она што Путин го нарекува „специјална воена операција“, а ниту еден руски медиум не е слободен да ја објави вистината за она што се случува во Украина.

подготви: Д. Тахири 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ