• Latest

Тимоти Снајдер: Десет причини зошто победата на Украина е клучна за светот?

May 12, 2022

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Тимоти Снајдер: Десет причини зошто победата на Украина е клучна за светот?

Сета руската пропаганда се однесува на минатото, сè се врти околу тоа дека работите се однапред одредени, сè е насочено кон изнаоѓање некој момент во историјата кога тие биле во право, а сите други не биле.

May 12, 2022 07:16
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тимоти Снајдер, професор по историја на Универзитетот Јејл, наведе десет причини зошто тој верува дека целиот свет треба да сесрдно да се заложи за Украина да биде победничка во нејзината одбрана од руската агресија, за време на неговото обраќање на Форумот за безбедност во Киев на 8 мај.

Би сакал да дадам десет причини зошто победата на Украина е важна не само за Украина, туку и за целиот свет.

1.

Првата причина е клучна: Победата на Украина е единствениот начин да се постигне мир. Очигледно е дека сите свесни луѓе сакаат војната да заврши. Победата на Украина е единствениот начин на кој тоа може да се постигне. Победата на Русија само ќе доведе до натамошна руска агресија. Капитулацијата на Украина ќе значи продолжување на руските ѕверства на украинска територија. Така, единствениот начин на кој војната може да заврши е победа на Украина, односно нејзиниот успех на бојното поле, со што Русија ќе сфати дека преговорите се во нејзин интерес.

2.

Второ: Победата на Украина е важна за безбедноста на регионот. Единствениот начин да се заштитат Украинците е победа на Украина. Во исто време, руската агресија да не успее е многу важно за народите на балтичките земји, за Полска, Романија и Молдавија.

3. 

Третата причина зошто победата на Украина е важна, пред сé, се нејзините граѓани. Нема друг начин да се заштитат украинските граѓани освен победата на Украина. Додека војната продолжува, Украинците се под депортација и други ѕверства од руска окупација, а Украинците на неокупираните територии страдаат од гранатирање и бомбардирање. Единствениот начин да се обезбедат 40 милиони Украинци е да се стави крај на војната, а единствениот начин да се стави крај на војната е Украина да победи.

4. 

Четвртата причина се однесува на заштита на демократијата. Оваа војна се случува затоа што Украина е демократска држава. Таа го има непредвидлив политички систем кој раѓа непредвидливи комбинации на непредвидливи лидери. И таква непредвидливост, неможност да се прогнозира што да очекува, е премногу неподнослива за Путин и неговиот режим.

5. 

Како петта поента, верувам дека победата е важна за демократиите воопшто. Ако Русија победи во оваа војна, тоа ќе биде голема победа за сите сили кои настапуваат против демократијата, за сите оние кои сакаат да користат насилство за рушење на демократијата. Победата на Украина е победа на тие, кој верува во законот, бара избори и одговорност од своите лидери.

6.

Со тоа е поврзана и причината број шест. Победата на Украина е победа на државата која традиционално се сметала за периферна и колонијална во однос на земја, која се сметала за центар и империја. Империјалните војни, особено како што знаеме од историјата на XIX и XX век, припаѓаат на одредени фази на политичкиот развој.

Империјалните војни ќе продолжат сè додека империјалните сили се уверени дека можат да победат. Европските и другите сили отсекогаш доаѓале до точка кога сфаќале дека империјалната војна ќе ги исцрпи и тоа е многу добро. Бидејќи моментално се води империјална војна, во која руските лидери тврдат дека украинскиот народ и украинската држава не постојат, победата на Украина е важна за одбрана на основниот принцип: сите нации се еднакви, а државите заслужуваат почит. Инаку речено, победата на Украина е уште еден поттик за пост-империјалистичкиот свет.

7. 

Зборувајќи за пост-империјалистичкиот свет, седмата причина за важноста на победата на Украина се однесува на сеќавањето на Втората светска војна. За Путин, заклучокот од Втората светска војна е дека потребно повеќе војна. За Путин, заклучокот од победата над фашизмот е дека е потребно повеќе фашизам. За Путин, заклучокот од поразот на империјализмот е дека е потребно повеќе империјализам. За Путин, заклучокот од Втората светска војна е дека зборот „фашизам“ може да му значи сè што ќе посака, и овој збор тој може да го користи како говор на омраза против сите што ги смета за непријатели. Такво толкување на Втората светска војна не смее да победи.

Денес, додека трае војната, важно е таа да се разгледува од аспект на Втората светска војна. Конкретно, таа да се смета како можност за заштита на вредностите што се зајакнале или би требало да се зајакнат со оваа војна. На пример, толеранција на различностите, важноста на владеењето на правото и плурализмот, важноста на соработката меѓу демократиите.

8.

Осма: Победата на Украина е многу важна за иднината на Русија. Нормално, Украинците не размислуваат за овој фактор. Но, за сите други кој се грижи за безбедноста на Европа и светот, многу е важно, близу каква Русија ќе живееме во наредните децении. За да може Русија да стане, така да се каже, нормална земја, во којашто руските интереси се важни за нејзиното раководство, е многу важно Русија да изгуби оваа војна.

Многу е важно Русите да престанат да ја перципираат меѓународната политика како собирање територии врз основа на целосно лажни митови. За Русите и идната руската власт е важно наместо тоа да размислуваат за иднината на Русија и нејзините вистински интереси. Иако најдобро воопшто да нема војна, поразот на бојното поле ќе биде чекор напред за денешната Русија. Русија, каде граѓаните ќе можат да размислуваат за иднината без империјализам. Русија, каде што минатото не станува мит кој толку силно влијае врз одлуките на сегашноста.

9.

Деветта: Украина мора да победи, бидејќи, како што знаеме, таа е огромен производител на храна во светот. Во историјата на ХХ век, Украина беше предмет на колонизација од сите страни поради нејзините черноземи. Во денешната војна гледаме како Русија експроприира украинската храна и блокира испораки на украински земјоделски производи ширум светот. Ако војната ќе продолжи, луѓето во Африка и ширум светот ќе се соочат со недостиг на храна. Ова може да доведе не само до глад и смрт, туку и до политичка нестабилност. Победата на Украина и обновувањето на светската трговија ќе го спречат тоа.

10.

Десеттата точка, која на некој начин ги сумира сите претходни. Победата на Украина ќе им помогне не само на Украинците, туку и на сите нас да го свртиме вниманието кон иднината.

На некој начин, проблемот со руската пропаганда е проблем што сите го имаме, можеби во помалку остра форма. Сета руската пропаганда се однесува на минатото, сè се врти околу тоа дека работите се однапред одредени, сè е насочено кон изнаоѓање некој момент во историјата кога тие биле во право, а сите други не биле.

Но сето тоа не ни е потребно. Ние, сите ние, имаме потреба од иднината. Потребна ни е политика на иднината, потребен ни е настан кој ќе нè извлече од рутината и ќе нè насочи кон иднината. Многу е важно Европејците по оваа војна да помогнат да им се понуди на Украинците иднина – во смисла на членство во ЕУ и моќна помош што ќе ѝ овозможи обновување на земјата.

Но, тоа е двонасочен процес. Ако сме отворени за начинот на кој гледаме на Украина и на оваа војна, можеме да видиме дека Украинците ни нудат иднина.

Доколку Украинците не би се бореле, доколку би капитулирале, нашата иднина, иднината на демократиите, сега би била многу мрачна.

Украинците преку нивната борба им даваат време, исто така, и на другите демократии.

Ова време треба да се искористи за размислување за иднината.

Не само за иднината, кога Украина ќе им се придружи на другите демократии во различни форми на соработка, туку и за иднината во поширока смисла.

Украина и победата на Украина ни го покажуваат овој пат.

превод: Тамила Велковска

Линк до верзијата на англиски јазик, објавена на The New Voice of Ukraine.

Линк до верзијата на украински јазик, објавена на Еспресо ТВ.

Проф. Тимоти Снајдер беше говорник и на Киевскиот безбедносен форум што се одржа на 1 декември 2021 година. Неговото излагање на тој настан е објавено под наслов „Русија ја нападна Украина, бидејќи Русите сè уште не знаат кои се“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: агресијаанализивојнаисторијапропагандаРусијаТимоти СнајдерУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ