• Latest

Граѓанските организации бараат место во преговорите

July 7, 2016

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓанските организации бараат место во преговорите

July 7, 2016 12:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

88 граѓански организации, иницијативи, групи, движења и синдикати се обратија до меѓународната заедница и до најголемите партии, истакнувајќи ја неопходноста за директно учество на граѓанскиот сектор во преговорите за излез од кризата. 

IMAG0685

На денешната прес-конференција граѓанските активисти, и се обратија на јавноста и го претставија соопштението кое беше доставено до Комисијата на ЕУ.

 

„Поаѓајќи од уставно загарантираната можност за непосредно изјаснување на граѓаните (член 2 од Уставот на РМ) и од уставната слобода за здружување (член 20 од Уставот на РМ) заради остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања, убедени сме дека сега е вистинскиот момент што е можно повеќе граѓани да ги исползуваат овие демократски можности, со цел да се вклучат во решавањето на политичката криза и со тоа, да им помогнат на општеството и на државата”, истакна актерката и активистката Симона Спировска.

Сања Богатинова, ја потенцираше важноста од фер и кредибилни избори.

„Наша цел е овој преговарачки процес да обезбеди услови за фер и кредибилни избори во кои граѓаните ќе имаат доверба и ќе бидат поттикнати да учествуваат и слободно да ја изразат својата политичка волја. Веруваме дека е можно, во рамките на овој процес, да се обезбеди континуирано информирање на граѓаните за начинот и содржината на разговорите и преговорите. Веруваме дека текот и исходот од преговорите треба да бидат јасно и недвосмислено претставени и објаснети пред граѓаните, а со тоа, ќе се гарантира дека нема да се повторат досегашните негативни искуства”, изјави Богатинова.

IMAG0682

Активистот Петрит Сарачини, ги посочи причините за учество на граѓанските организации.

„Ќе се обезбеди набљудување на преговарачкиот процес од позиција на граѓанскиот сектор, водејќи се притоа според начелата на работа на граѓанските организации: независност, транспарентност и јавност, непрофитност, непартиско дејствување и иницијативност во јавниот живот. Ќе се гарантира навремено, целосно и веродостојно презентирање на информациите од преговарачкиот процес пред граѓаните на Република Македонија, а во интерес на зголемување на транспарентноста и довербата на граѓаните во самиот процес. Ќе се овозможи ставовите на различните заинтересирани граѓански сектори и заедници да бидат претставени и чуени од страните во преговорите. Ќе се стави на располагање експертизата на сите заинтересирани организации, граѓански коалиции и независни експерти и на тој начин, ќе се понудат решенија кои партиите инаку не би ги имале предвид. Потенцијалните експертизи и стручни мислења можат реално да помогнат полесно да се дојде до договор, а исходот да биде поквалитетен и во корист на правата и интересите на граѓаните”, заклучи Сарачини.

„Протестното движење е ресурс и платформа која стои на располагање да го модерира процесот на комуникација во рамките на граѓанскиот сектор, со цел да се овозможи размена на информации меѓу организаторите на преговорите и страните заинтересирани за учество, како и да обезбеди диверзитет и инклузивност. Протестното движење стои на располагање да се стави во функција на комуникациски канал, преку кој сите заинтересирани страни ќе може да ги пренесат своите експертизи во роковите и процедурите кои ќе ги наложат организаторот и процесот”, изјави денеска Филип Јовановски, дефинирајќи го протестното движење.

13592780_1026531287424442_7777492218457858640_n (1)

По завршувањето на прес конференцијата соопштението беше доставено до Комисијата на ЕУ, а ќе биде доставено и до политичките партии, потписници на Договорот од Пржино и до Амбасадата на САД.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, ја поддржува идејата и е една од 88-те организации, потписници на соопштението.

ЦИВИЛ Медиа

 

 

Tags: граѓански организацииизбориМакедонијапресЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ