• Latest

Зандер: Публикацијата на ЦИВИЛ е импресивен доказ за тоа што не е во ред во Македонија!

July 12, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Зандер: Публикацијата на ЦИВИЛ е импресивен доказ за тоа што не е во ред во Македонија!

July 12, 2016 16:26
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Публикацијата ‘Слободни избори: Услов за кој не се преговара’ е импресивен документ и доказ за тоа што не е во ред во оваа земја. Толку многу различни нивоа на корупција, заплашување и други кршења на законот, во комбинација со говор на омраза, клевета и навреда, е многу негативно постигнување за земја со големина колку што е Македонија!”, истакна заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Хелге Зандер, на денешната завршна церемонија од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, на која ЦИВИЛ – Центар за слобода ја промовираше публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“. 

„Јас би сакал да ги пренесам поздравите од Н.Е. амбасадорорката д-р Кристине Алтхаузер и нејзината почит за работата на ЦИВИЛ во последните месеци. Проектот стигна до крајот, иако ова прашање останува важна задача.

Слободни избори за слободни граѓан(к)и, е како што ЦИВИЛ пишува и во документот, нешто што треба да биде сосема нормално и не спектакуларно во едно демократско општество. Сепак, морам да кажам дека бев импресиониран, шокиран и полн со неверување, и зачуден од тоа што морав да го прочитам во брошурата. Ова е импресивен документ и доказ за тоа што не е во ред во оваа земја. Толку многу различни нивоа на корупција, заплашување и други кршења на законот, во комбинација со говор на омраза, клевета и навреда, е многу негативно постигнување за земја со големина колку што е Македонија!

Ако кажам дека тоа можеше да го очекува некој кој три години живеел тука, верувам дека е потценување. Тоа што оваа публикација го обелденува е повеќе од нормалните очекувања, барем за еден странец како мене.

Читајќи го овој извештај, станува јасно дека решенијата за сите општествени проблеми не може да се најдат на масата за преговори меѓу четирите политички партии. Сепак, без таков договор, се чини, дека е многу веројатно оти суштината на голем дел од решенијата никогаш нема да се изнајде: политичката волја да се прават промени.

Дури и со договор, се уште ќе биде долг пат дo општество кое функционира како нормално и плуралистичко, но целта ги заслужува сите напори.

Извештајот треба да биде задолжителен за сите оние кои имаат искрен интерес за иднината на Македонија, која ќе биде светла, само откако дијагностицираните проблеми ќе се решат.

Јас би сакал да му се заблагодарам на ЦИВИЛ повторно – за извонредната соработка, за вложувањето на сите напори да се обезбеди ваков сеопфатен и остроумен извештај, и со нетрпение очекувам и понатаму да соработуваме во иднина.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориМакедонијапроектПубликацијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result