• Latest

Парно во Скопје ќе има, Лариса Дир за Цивил Медиа – Украина никогаш нема да ги признае резултати од псевдореферендумите, Ураганот „Ијан“ пустоши

September 28, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Парно во Скопје ќе има, Лариса Дир за Цивил Медиа – Украина никогаш нема да ги признае резултати од псевдореферендумите, Ураганот „Ијан“ пустоши

September 28, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот. Во прилог на ваквото тврдење, Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

„Украина никогаш нема да ги признае таканаречените резултати од псевдореферендумите кои што кремљ ги одржа на привремено окупираните територии на Херсонската, Запорижската, Луганската и Донецката област во Украина, под нишан на руските автоматски пушки, изјави Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир за Цивил Медиа.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

САД подготвуваат нов пакет оружје во вредност од 1,1 милијарди долари за битката на Украина со Русија, кој ќе биде објавен наскоро, изјавија американските власти во вторникот додека Вашингтон го чека исходот од, како што ги нарекува, „лажните“ референдуми во Украина.

*

Руските пропагандисти објавија измислени „резултати“ од псевдореферендуми на окупираните територии на Украина. Така, на окупираните територии на Украина, руските окупатори тврдат дека повеќе од 97% од гласачите го „поддржале“ пристапувањето кон Русија.

Властите кои го поддржуваат Кремљ, исто така, тврдат дека „преброиле“ 100% од гласовите.

*

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел предупреди дека се што зборува рускиот претседател Владимир Путин треба сериозно да се сфати. Меркел во својот говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол“ нагласи дека тоа експлицитно се однесува и на нуклеарните закани на Путин.

*

Русија долго време се подготвува за нова анексија на привремено окупираните украински територии и најави мобилизација за да ги повлече Украинците во својата армија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на разговор со студентите и предавачите на Универзитетот Харвард, пренесува Укринформ.

„Овие денови, Русија се надева дека ќе објави нова анексија на окупираните територии на Украина. Ова е во подготовка долго време, ова е очигледно долго време. Овие лажни референдуми ги гледаме на тие територии кои Русија сака да ги „проголта“. И знаеме не случајно тоа што мобилизацијата во Русија беше најавена во пресрет на оваа нова криминална анексија . Целта е очигледна – окупаторот сака да ги земе жителите на окупираната територија во војска. Или ќе бидете убиени или убивате – Русија сака да принуди стотици илјади Украинци во окупираните земји да направат таков избор“, рече Зеленски.

СВЕТ

Ураганот Ијан, кој носи ветрови до 195 километри на час, сега се движи кон Флорида, каде што треба да удри подоцна денеска. Се очекуваат високи бранови, поплави и силни ветрови. Kако што пренесува Usnews, ураганот Ијан собираше сила во Мексиканскиот Залив откако ја помина Куба и би можел да ја погоди Флорида како ураган од четврта категорија. Околу 2,5 милиони жители на западниот брег на Флорида добиле наредба да се евакуираат, бидејќи се соочуваат со најсилниот ураган од 1921 година.

*

Три турски државни банки планираат да излезат од рускиот платен систем Мир поради предупредувањата на САД за санкции, објави во вторникот Блумберг, цитирајќи неименуван висок турски функционер, пренесува The Moscow Times. Во средата, турската телевизија НТВ објави дека во Турција нема останати банки кои го прифаќаат Мир, што од руски се преведува како „Свет“.

*

Можната саботажа врз гасоводите „Северен тек“ не претставува напад врз Шведска, изјави денеска министерката за надворешни работи Ана Линде.

„Ова не е напад против Шведска, бидејќи тоа не е на наша територија. Тоа е меѓународен инцидент“, рече Линде, наведувајќи дека американскиот секретар Ентони Блинкен понудил поддршка за да се открие што се случило и оти и генералниот секретар на ЕУ и на НАТО Јенс Столтенберг биле информирани.

*

Демократијата се чини дека е загрозена насекаде, од гневни домашни популисти до автократи кои тврдат дека непречената државна моќ произведува повеќе придобивки за обичните граѓани, дека демократиите се премногу бучни и поделени за да ги испорачаат добрата, пишува Њу Јорк Тајмс.

Во рамките на ЕУ, земјите како Унгарија – за кои Европскиот парламент неодамна прогласи дека „веќе не може да се сметаат за целосна демократија“ туку „изборна автократија“ – и Полска претставуваат значителни предизвици за либералната демократија и владеењето на правото.

РЕГИОН

Напорите на властите за реформирање на судството, борбата против економскиот криминал, борбата против дискриминацијата и промовирањето на слободата на изразување и медиумите, како и за унапредување на регионалната соработка, се од клучно значење за подобрување на животот на луѓето од Западен Балкан и Турција.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. На денешното рочиште сведочеа Горан Трајковски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Мухамед Зеќири, поранешен секретар на Владата на Република Северна Македонија.

ИНИЦИЈАТИВА  Политичката партија Левица денеска до ДИК поднесе предлог за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум на референдумско прашање: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“.

СКРИНИНГ Вицепремиерот за евроски прашања, Бојан Маричиќ на Твитер објави дека е успешно завршен објаснувачкиот скрининг за првиот Кластер „Темели, дека се направени подобрувања, но и дека претстои уште работа.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците, во спомен на 28 септември 1993 година, кога во Сараево се одржа Бошњачкото Собрание и беше донесена одлука за враќање на историското име Бошњак, и да го врати историското именување на босанскиот јазик.

ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ Унапредување на здравствената заштита во затворите, градење на капацитетите за борба против трговија со луѓе кај полицијата, но и во правосудниот систем, социјалните работници и трудовите инспектори, како и јакнење на капацитетите во правосудството за слобода на изразување, слобода на медиуми, заштита на новинарите, се дел од клучните области на кои мора како држава да се насочиме во наредниот период, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на завршната конференција за Проектот „ Акција против економскиот криминал“.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Националната федерација на фармери, која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки, информираат од МТСП.

ИНТЕГРАЦИИ Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон.На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на Нејзиното Величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на Неговото Величество, кралот Чарлс Трети.

РОДОВА ЕДНАКВОСТ Родово праведно општество во кое абортусот ќе биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација е барањето што денеска, на 28 септември – Меѓународниот ден на безбедниот абортус, го упатуваат илјадници поборници за репродуктивна слобода до своите влади во светот.

ДИСТРИКТ

Ретро ДИСТРИКТ 14: Мимоза Ристова, Биљана Јордановска, Атанас Кировски, Љупчо Зиков, Оливера Јовановска


Целите интервјуа гледајте ги на линковите:

Мимоза Ристова: https://civilmedia.mk/ristova-nauchnitsite-sme-kosmopoliti-nie-ne-sozdavame-oruzhje-toa-e-poteba-i-proizvod-na-politikata/

Биљана Јордановска: https://civilmedia.mk/jordanovska-tsivil-ne-e-samo-nevladina-tsivil-e-demokratski-front-na-graganskite-bitki-za-pravo-pravda-i-ednakvost/

Атанас Кировски: https://civilmedia.mk/kirovski-vojnata-vo-ukraina-e-poraz-na-diplomatijata-i-pobeda-na-agresijata/

Љупчо Зиков: https://civilmedia.mk/zikov-koruptsijata-ne-e-ednonasochna-pa-i-dvonasochna-taa-e-tsel-eden-slozhen-sistem-pa-zatoa-i-teshko-se-iskorenuva/

Оливера Јовановска: https://civilmedia.mk/jovanovska-italijantsite-ne-se-neshto-mnogu-pokulturni-ama-institutsiite-im-se-poodgovorni-i-poefikasni/

 

ФОТО НА ДЕНОТ

Денес во Скопје, во герила акција, на надвозникот кај Универзитетот на Југоисточна Европа беше поставен транспарент на кој, активисти напишале „Драган Кодошки, дезертер и шпион“, а се однесува на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Ковачки.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Русија организира псевдо-референдуми во делови од Донецката, Луганската, Херсонската и Запорижската област за илегално да ги заземе тие територии. Ниту Украина ниту меѓународната заедница никогаш нема да ги признаат нивните резултати. Но, тоа е сепак опасен развој на настани што треба нашироко да се осуди. Лажното изразување на народната волја на привремено окупираните територии на Украина беше најавено за 23-27 септември. И иако гласачките ливчиња беа веќе подготвени однапред, Русија ги принуди луѓето да учествуваат во создавањето на слика за пропаганда. Луѓето ги запираат на улиците и ги посетуваат дома или на работното место, пишува украинската новинарка Вероника Лутска во текстот „ Референдумот на Русија во Украна е нелегален и нема да биде признаен од светот, кои може да бидат последиците?“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ