• Latest

„Македонија, со или без слобода“ – дебата на Караванот на слободата во Велес

August 5, 2016

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Македонија, со или без слобода“ – дебата на Караванот на слободата во Велес

August 5, 2016 20:46
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Кршење на човековите права и слободи, политичка дискриминација, мобинг, затворање фирми – се само дел од проблемите со кои се соочуваат граѓан(к)ите на Велес и на целата земја, а кои ги презентираа на вечерашната дебата што под наслов „Македонија, со или без слобода“, во рамките на програмата на Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се одржа во петокот во Амфитеатарот во велешкиот Младински парк.

“Сериозни се проблемите со кои се соочуваме и не може да се искажат само во рок од еден ипол час. Велешани најголем дел живеат во страв, граѓаните не се охрабрени да говорат јавно за своите проблеми, стравуваат се уште со кого ќе застанат и што ќе кажат. Затоа, бараме помош од ЦИВИЛ, ве повикуваме ваквите дебати да ги зачестите. Во Велес со години не се одржала дебата на која граѓаните можат слободно,  да говорат за себе и за разните форми на притисоци со кои се соочуваат“, коментираат велешани.

Панелистите на вчерашната дебата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, новинарката и долгогодишен дописник на националните медиуми од Велес, Убавка Јаневска, како и претседателот на граѓанското здружение “Green power“ Игор Смилев, низ своја призма говореа за неопходната потреба од враќање на демократијата во сите сфери во државата и од враќањето на човековите права и слободи.

„Ја прекинав соработката со националниот медиум во којшто работев со години, поради уредувачката политика, која што веќе не можев да ја почитувам, зашто наместо објективни вистини, се инсистираше на договорени прилози и теми, кои се далеку од вистината. Но, и натаму по професија и по вокација сум новинар. Ама, при последниот обид да добијам објективна информација од вработените во полициската станица во Велес, кога заѕвонив на 192, наместо одговор, каде се случила сообраќајната несреќа за која барав податоци, чув глас што ме опцу. Па, сакам да го прашам министерот Чавков, кој се работи во велешката полиција и што се случува со полицијата“, рече новинарката Јаневска.

Според Смилев, доволен доказ за притисоците од власта се кривичните пријави и заканите кои ги преживеал, како истакнат граѓански активист, прв во битката да се стави ад акта, владината заложба за рестартирање на Топилницата. „Ги издржав сите притисоци, зашто не можев да дозволам, личните, бизнис-интересите да се стават над здравјето на моите сограѓани. Но, немаше да успеам без моите сограѓани, без велешани кои останаа доследни во намерата да ги заштитат своите поколенијата од злото“, истакна Смилев.

На барањата од публиката кои се однесуваа на мобингот и на политичките притисоци, адресирани до ЦИВИЛ, Дерала ги повика сите граѓанки и граѓани кои се соочуваат со проблеми и со кршење на човековите права и слободи, особено во сферата на политичката дискриминација, социјалната правда и работничките права, да ги пријавуваат во ЦИВИЛ, чии тимови посветено работат на прибирање докази за бројните злоупотреби и во континуитет бараат соодветни решенија.

Дебатата беше дел од агендата на Караванот на слобода, што го организира ЦИВИЛ со поддршка од УСАИД. Мултимедијалниот настан во Велес опфати бројни активности: поетско читање, изложба на ликовни уметници и концерт на рок-групи, со една цел – да се пренесат низ делото на уметниците, пораките за слобода, за слободен избор и за слободно гласање на следните, предвремени парламентарни избори.

Моника Талеска

Tags: дискриминацијаИгор СмилевКараван на слободатамобингполитикаслободаУбавка ЈаневскаЦивилчовекови праваЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ