• Latest
Бранко Петровски

Заврши тригодишната борба за правда на Бранко Петровски: Невин човек се судеше

December 19, 2022

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Заврши тригодишната борба за правда на Бранко Петровски: Невин човек се судеше

December 19, 2022 13:35
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Бранко Петровски

Бранко Петровски

Share on FacebookShare on Twitter

„Конечно и кај нас дојде правдата после три години. Малку доцнеше, но тоа е. Успеавме. Се изборивме. Невин човек се судеше. Што друго да се рече?“, изјави Бранко Петровски, сопственикот на менувачницата „Бис“ откако во петокот доби ослободителна пресуда, за случај во кој е невин и за кој е докажано во претходна судска постапка.

Ослободителната пресуда доаѓа како резултат покренатиот случај против Петровски, од тужителот Спиро Чорогунов, за истото дело, за кое Чорогунов доби условна казна од 3 години за тешки телесни повреди.

Имено на 18 мај 2019 година околу 13 часот Чорогунов го нападнал Петровски пред неговата менувачница со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето и главата. Првично беа утврдени две фрактури, на горната вилица и на носот, но денеска, при контрола, се утврдила уште една сериозна фрактура во пределот на главата. Петровски од нападот се здобил со две фрактури, на горната вилица и на носот и уште една сериозна фрактура во пределот на главата. Поради повреди Петровски останува хоспитализиран 14 дена.

Со оглед дека случајот е заведен како нанесување тешки телесни повреди, ретко кога се изрекува мерка притвор, туку случајот МВР го процесуира со обвинение и судска постапка. Првата реакција е на Обвинителството со покренување на кривична пријава, по што следува и судската постапка. Иако доказите укажуваа и беа на страна на Петровски, Чорогунов успева казната од една година затвор да ја замени со три години условна казна, период во кој не смее да изврши ниту едно кривично дело.

Чорогунов како слободен, условно, човек, продолжува да го води бизнисот и со хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје и градежната фирма „Караорман“. Тоа не му е доволно па решава да покрене приватна тужба, за истиот случај, за кој е обвинет и за кој пред судот изразил жалење, овој пат како оштетена страна. Односно, со обвинение дека Петровски него му нанел телесни повреди во пределот на вратот, а во доказната постапка, меѓу другите, повикувајќи се и на докази кои веќе на негова штета беа приложени во првичното судење.

Како што објасни и синот на Петровски, актерот Стефан Петровски и сопственик на кафулето „Гарсон“, со лекарско уверение извадено, две години подоцна, Чорогунов, се обиде пред судот да покаже дека тој е оштетената страна.

Иако, Петровски и семејството, не се задоволни од првичната казна, иако претрпеа дополнително психолошко малтретирање од уште една година докажување на невиноста, која е повеќе од очигледна од самиот почеток, тие се надеваат дека оваа голгота конечно заврши.

ЦИВИЛ –Центар за слобода го мониторираше овој случај и ќе продолжи да ги следи состојбите, доколку постои причина за понатамошно следење.

ЦИВИЛ останува на ставот дека не требаше да се дозволи приватната тужба, која е неоснована и се базира на претходно завршена судска псотапка, судски да се процесуира.

Во таа насока ЦИВИЛ се придружува на пораката на Стефан Петровски, ова да биде опомена, дека правдата не треба да биде спора и изнемоштена, туку напротив, силна и издржана и да ја врати довербата кај граѓаните.

„Никому да не му се случи и никогаш да не се повтори, нема нешто повредно од мирот!“, вели Стефан, по примањето на веста за ослободителната пресуда на неговиот, невин, татко.

Б. Ј.

Tags: Бранко Петровскиправдапресудасудењетелесни повредифизички нападЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ