• Latest

АВМУ: Со француски модел ќе се обезбедува балансирано известување

August 23, 2016

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

АВМУ: Со француски модел ќе се обезбедува балансирано известување

August 23, 2016 17:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ одлучи да направи нова методологија која ќе важи само за изборите што нè очекуваат на крајот од 2016 година“, истакна д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, на почетокот на денешниот состанок, на кој беше презентирана Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.

На овој начин нема да се мониторира начинот на кој известуваат интернет порталите, кои нема да бидат обврзани балансирано да известуваат. Како што информираа од Агенцијата, разгледани биле искуствата од европските земји, и одбран е францускиот модел што ќе се прилагоди на македонската практика и регулатива.

Емилија Петреска Камењарова, раководителка на Одделението за медиумска писменост, ги образложи целите, опфатот и периодот на мониторинг на изборното медиумско претставување. „Една од специфичностите на овој изборен процес е тоа што одредбата за утврдување баланс во известувањето почнува да важи 100 дена пред денот на одржување на изборите“, посочи Петреска Камењарова.

metodologija_AVMU

„Радиодифузерите треба да обезбедат баланс во известувањето за парламентарни избори согласно принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи со кандидати за пратеници. Врз основа на искуствата од мониторингот на известувањето за изборите што беа закажани за првата половина од годинава, направени се допрецизирања во делот на методологијата што се однесува на известувањето за активностите на претставниците на власта во функција на изборно медиумско претставување. Потпирајќи се врз методологиите и искуствата од претходните мониторинзи на изборни процеси, примерокот врз основа на кој ќе се извлекуваат оценки за балансот во известувањето е поставен на десет дена.  Допрецизирање има и во однос на коментарот како новинарски жанр, кој треба да биде јасно одделен од другите новинарски жанрови како вестите, извештаите, интервјуата, репортажите итн„, се вели во соопштението кое го објави Агенцијата по завршувањето на презентацијата.

Членовите на Привремената комисија за мониторирање на медиумите, утре ќе ги разгледуваат апликациите на заинтересираните кои се пријавиле на повикот или биле предложени за петти член на ад хок телото.

Марија Теговска

Tags: адхок телоВестиизбориМакедонијаМедиумимониторингЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ