Соочен со очај и притиснат до ѕидот, рускиот претседател Владимир Путин сега „измисли“ нов метод за да ги „заведе“ руските војници да војуваат во агресијата врз Украина.
Меѓу многуте „аргументи“ што ги користи Кремљ за да убеди што е можно повеќе руски граѓани да ѝ се приклучат на армијата во крвавиот поход против Украина, сега има уште еден, за кој јавува светската новинска агенција Ројтерс: право на бесплатно замрзнување на спермата и складирање во криобанки за војниците кои ќе бидат убиени или осакатени. Овој бизарен пропаганден „изум“ на Путин во неговите очајнички обиди да мобилизира што е можно повеќе војници за неговата крвава авантура во Украина.
Колку бизарно звучи „оди загини , па ќе ти ја замрзнеме спермата, и од тебе ќе направиме уште еден руски војник!
Оваа тактика Русија ја применува со цел да ги поттикне луѓето да учествуваат во војната без да се плашат дека не можат да имаат свои деца.
Назми Абдурахмани