• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реципроцитет на „Заедници“ во Косово и Србија, членовите на семејствата на масакрираните во Речак бараат правда, Ахмети не го дава Груби

January 16, 2023

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реципроцитет на „Заедници“ во Косово и Србија, членовите на семејствата на масакрираните во Речак бараат правда, Ахмети не го дава Груби

January 16, 2023 11:48
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Формирањето на Заедницата на српски општини во Косово и реакциите по ова прашање, одбележувањето 24 години од на масакрот во Речак, албанските мигранти во Британија и политичките изјави, како и последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети,  се  теми кои преовладуваа и во текот на викендот и утрово во албанските медиуми во регионот. Овие теми се дел од изборот на  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денеска.

БОТА СОТ: „Три албански општини во Србија и три српски општини на Косово“, аналитичари со предлог  по посетата Шоле

„Минатата недела, високиот советник во Стејт департментот на САД, Дерек Шолет, изјави дека Заедницата на општините со мнозинско српско население е итна работа. Тој рече дека САД очекуваат конкретни предлози на масата за дијалог со Србија. По посетата на Шоле, еден од предлозите од косовските аналитичари е дека можеме да  се разговара за здружување на трите албански општини во долината и трите српски општини на Косово, ова е единствениот пат по кој мораме да одиме, во спротивно подобро е да се оди на вонредни избори отколку да се почне со поделба на Косово на албански и српски.“, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

КОХА: 24 години по масакрот во Речак, членовите на семејствата бараат правда

„Поминаа 24 години од масакрот во Речак, но досега никој не е казнет за извршените злосторства, кои се окарактеризирани како злосторства против човештвото. Досега, според институциите, 18 лица имаат меѓународна потерница. Семејствата на жртвите продолжуваат да бараат правда.“, пишува косовскиот дневник КОХА.

ТОП ЧАНЕЛ- „Неподнослива бруталност!“, реакција на Џачка по изјавите на британскиот министер

„Вербален линч на цела нација со говор  што звучи како министерот да најавува отворена сезона за Албанците само неколку недели по заедничкото коминике меѓу премиерот на Република Албанија и Велика Британија каде што ја оценија  улогата на албанската дијаспора во Британија и нејзиниот важен придонес за културата, економијата и општеството на двете земји.“, реагира албанската министерка за надворешни работи, Олта Џачка по изјавата на британскиот министер Јаник, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ИНА – Ахмети: Бараат да го тргнам Артан Груби, нема да го тргнам!

„10 години бараа да го симнам Муса Џафери од вицепремиерска позиција, јас не го симнав, затоа што ја почитувам волјата на мнозинството, инсистираа Абдулаќим да биде сменет од вицепремиер, но јас не го направив тоа затоа што ја испочитував волјата на мнозинството, сега запнале да го тргнам  Артан Грубин, но нема го отстранам, бидејќи тоа е одлука на мнозинството“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера при посетата во Гостивар, пренесе македонскиот медиум на албански јазик ИНА.

БОТА СОТ: Потписникот на Заедницата ќе „победи“ само со „билет“ на јавно одрекување!

„Инаку, како што течат работите во моментов, опозицијата покрај двоумење, изразува и еден вид хиперполтронизам и хиперконформизам кој е дефинитивно непотребен и штетен во долгорочните фази за државноста на Косово.“, извадок од колумната “Потписникот на Заедницата ќе „победи“ само со „билет“ на јавно одрекување!“ од Фадил Малоку, објавена во дневникот Бота Сот.

Д. Тахири

 

Tags: АхметиБританијаГрубиЗаедницаЈаникКосовомасакрРечакСрбијаЏачка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ